-3.2 C
Скопје
21:05 - 22 декември, 2024

Нашите работници добиваат 35 отсто од тоа што го создале, во ЕУ 47 отсто

Во Македонија се случува еден редок парадокс – од една страна земјава има многу ниска продуктивност на труд, а од друга страна, газдите земаат многу поголем дел од заработката на работниците од своите колеги во развиените европски земји.

И продуктивноста и профитабилноста се мерливи категории и точно во бројки се знае колку во просек работниците земаат од она што го произвеле, а колку земаат газдите на фирмите.

Токму податоците за ниската продуктивност беа чести алиби во јавноста од страна на работодавачите, но и од Светска банка дека во Македонија има вештачко зголемување на платите и дека висината на минималната плата од 14.500 денари не одговара на нивото на продуктивноста.

Неповолна дистрибуција на доходот

Но, професорот Бранинир Јовановиќ, кој е познат по неговите залагања за порамномерна распределба на доходот, вели дека постои простор за уште поголемо зголемување на платите, затоа што газдите во Македонија земаат големи профити, многу поголеми од нивните европски колеги.

Јовановиќ повикувајќи се на последните расположливи податоци на Евростат, а кои се однесуваат на 2017 година, вели дека секој работник во Македонија произведува во просек околу 1.130 евра месечно. Од тоа, за него се околу 400 евра, околу 140 евра одат за државата, во вид на даноци, а дури 590 евра завршуваат кај сопствениците на фирмите, во вид на добивка.

– Или, поинаку кажано, од вкупната вредност што нашите работници ја генерираат, само 35 отсто е надоместок за нивниот труд, а дури 52 отсто се профити за сопствениците. Ваквиот сооднос е меѓу најнеповолните во Европа. За споредба, во земјите од Европската унија, работниците во просек добиваат 47 отсто од вредноста која ја произведуваат, а за сопствениците од фирмите остануваат 41 отсто. Во државите што важат за социјални, како Франција или Данска, соодносот е 52 отсто за работниците, а 34 отсто за газдите – вели Јовановиќ.

Овие податоци, според Јовановиќ, покажуваат дека „профитабилноста на фирмите е речиси неверојатна и не би ни можело да се очекува да имаме економски развој со волку неповолна дистрибуција на доходот“.

– Не може ни да се очекува да имаме мотивирани или продуктивни работници, кога тие добиваат само мал дел од вредноста што ја генерираат. Затоа, нужно е да продолжи растот на платите, пред сè на минималната плата, но тоа треба да се направи на издржан начин, на база на анализи – смета Јовановиќ.

Само Албанија има помала продуктивност од нашата

Според графиконот што го објави Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“, повикувајќи се на податоците од Меѓународната организација на труд, Македонија има најниска продуктивност на труд по Албанија, меѓу земјите од Југоисточна Европа.

Годишното производство по работник во Македонија, во 2019 година, изнесува 36.706 меѓународни долари и е под просек од Југоисточна Европа од 44.626 меѓународни долари. Најголемо годишно производство имаат хрватските работници – 60.207 меѓународни долари, а најмало албанските – 31.421 меѓународни долари.

Притоа, вредноста на производството е изразена во меѓународни долари, а тоа е хипотетичка валута за усогласување на паритетот на куповната моќ во различни земји со оној во САД во даден момент за да може да се прават компарации меѓу земјите.

The post Нашите работници добиваат 35 отсто од тоа што го создале, во ЕУ 47 отсто appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....