25.8 C
Скопје
18:15 - 29 април, 2024

Наградниот фонд од „Мој ДДВ“ ќе се крати, но ќе има уште 310.000 евра за делење

Владата соопшти дека ќе скрати 71.275 евра од наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“, а според пресметките на „Слободен печат“, ова значи дека во фондот за наградите останува голем износ, од околу 310.000 евра, што ќе се подели како парични награди до крајот на годината.

Според соопштението на Владата, намалениот износ на парите од „Мој ДДВ, моја награда“ ќе се уплати во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.
Од УЈП пак, велат дека повратот на ДДВ ќе продолжи и понатаму, а за првиот квартал, парите ќе се исплатуваат од 1 мај, но и дека се подготвува уредба со која ќе се овозможи овие пари доброволно да се донираат.

Во соопштението на Владата пишува:

„Со заклучок на Владата му се препорачува на Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ средствата во износ од 4.383.410 денари да ги уплати на донаторската сметка отворена во рамки на Генерален секретаријат на Владата наменета за донации од правни и физички лица за справување со КОВИД-19 епидемијата“.

Но оттаму не соопштија кои награди ќе се кратат, а детали се уште не открива ниту Министерството за финансии, ниту Државната лотарија. Она што го покажуваат пресметките е дека сите големи награди нема да се скратат по автоматизам. Од големите награди, по досегашниот правилник, до крајот на годината преостанаа уште 8 кола со по 15 награди од по 100.000 денари во нето износ по одбиен данок, или за наградите од сите овие преостнати кола биле предвидени околу 200.000 евра. Премијата од 50.000 евра беше предвидена за декември. Покрај овие награди, како што се знае, секој ден се извлекуват по 4 награди по 1.000 денари, 3 награди по 2.000 денари и 3 награди по 3.000 денари

Вкупниот награден фонд во „Мој ДДВ, моја награда“ е 35.189.284 денари, или 572.183 евра, со тоа што ова е бруто износ, а добитниците на наградите се должни да си го платат персоналниот данок.
Досега за награди се дадени 11,3 милиони денари, или околу 185.000 евра. За дневни награди, заклучно со денешниот ден се исплатени 786.000 денари, или речиси 13.000 евра. Месечните кола од 15 награди во бруто износ се околу 7 милиони денари, или околу 115.000 евра, и на 18 март е извлечена наградата од 3.529.412 денари во бруто износ пред платен данок, или околу 57.000 евра

Математиката покажува дека ако немаше кратење на пари ќе требаше како награди да се поделат уште 23,8 милиони денари, или околу 387.000 евра, а дека со сегашното кратење ќе остане награден фонд од околу 310.000 евра.

The post Наградниот фонд од „Мој ДДВ“ ќе се крати, но ќе има уште 310.000 евра за делење appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....