4.8 C
Скопје
05:32 - 20 април, 2024

На 66 граѓани им биле укинати инвалидските пензии, парите треба да ги вратат

Низа забелешки во однос на нефункционирањето на поврзаноста на институциите, работењето на администрацијата, но и во однос на законската регулатива упати Државниот завод за ревизија во извештајот за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Ревизорите потенцираат дека сегашниот Закон за пензиско и инвалидско осигурување не е добар во однос на исплатите на привремените инвалидски пензии и бараат негово менување. Со сегашното законско решение на 66 корисници на привремена инвалидска пензија, по лекарските прегледи во 2017 и во 2018 година, пензиите им се укинати, но додека се донело конечното решени тие им биле исплатувани, па поради тоа секој од нив треба да врати во просек по 3.440 евра.

Со важечкиот закон, контролниот преглед е задолжителен, а по решението на Комисијата, корисникот на привремената инвалидска пензија има право на жалба. Во меѓувреме пензиите се исплатуваат, но ќе мора да се вратат ако второстепена комисија потврди дека престанале условите за исплата на инвалидската пензија.

Државниот завод за ревизија утврдил дека во 2017 година се воделе вакви 25 предмети и дека се исплатени пензии во вкупен износ од 58.569 евра што треба да се вратат, додека во 2018 година се воделе 44 предмети и вкупен износ на исплатените пензии што треба да се вратат изнесува 174.845 евра.

„Со законски решенија не е утврдено мирување на работен однос во услови кога е дадена времена инвалидска пензија, поради што осигурениците на кои им се укинува инвалидската пензија, остануваат незаштитени во делот на правата и обврските од работен однос. Ваквите околности значително ја отежнуваат наплатат на побарувањата по оваа основа, особено поради недоволни механизми на присилна наплата со кои располага Фондот и несоодветни законски решенија за обезбедување на исплатените времени пензионери“, пишува во ревизорскиот извештај.

Во ревизорскиот извештај, ревизорите ја констатирале и аферата што беше актуелна во 2018 година кога се обелодени дека за 12.103 лица е уплаќан придонес во Фондот за ПИОМ, но законскиот дел од тој придонес што требало да се префрла во приватниот пензиски фонд, не бил префрлен. Ова го чини државниот буџет 38 милиони евра, што до 7 јуни 2019 година, кога е направена ревизијата, биле префрлиле во приватните фондови за да не бидат оштетени идните пензионери.

Ревизорот констатира дека проблемот со нераспределените пари во приватните пензиски фондови бил познат повеќе години, но дека законот не наложувал рок во кој треба да се реши. По скандалот во јавноста во законот е влезен рок од најмногу 3 месеци, во кој Фондот треба да обезбеди податоци за да ги распредели средствата.

The post На 66 граѓани им биле укинати инвалидските пензии, парите треба да ги вратат appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....