12:00 - 13 јули, 2026

МРТВ од утре ја враќа „Бушава азбука“ на програмата

„Бушава азбука“, легендарната и многу наградувана телевизиска серија на драматургот Горан Стефановски и режисерот Слободан Унковски репризно ќе биде емитувана на Македонската телевизија со цел да им го пополни времето на децата кои не се на училиште додека траат мерките на Владата за заштита од коронавирусот.

Поради коронавирусот Владата ги затвори градинките, училиштата и факултетите, со цел да го спречи ширењето на заразата. Учениците нема да одат на училиште до 24 март.

Веста за репризите на „Бушава азбука“ ја соопшти на Фејсбук режисерот Унковски.

Драг Венко,овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно БУШАВАТА АЗБУКА, едукативна серија за деца во 31 епизода…Малку да помогнеме во пополнување на времето кога не се оди во школо. Ќе почне да игра од утре, прекуутре, два пати дневно. Срдечен поздрав и почит, Унко, напиша Унковски.

Серијата е од 1985 година, во продукција на МРТ, беше насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, цртан филм, актерска игра. Имаше вкупно 31 епизода, со просечно траење од 29 минути, секоја посебно посветена на буквите од македонската азбука. Таа е убедливо најуспешниот производ на МРТ, со кој многу генерации ја научија азбуката.

Серијата беше снимена со музика од „Леб и сол“ и Ана Костовска, а во неа играше врвна актерска екипа како Ненад Стојановски, Александар Чамински, Марин Бабиќ, Петар Арсовски, Ана Костовска, Софија Куновска, Кирил Ристески, Јовица Михајловски и Мими Таневска.

The post МРТВ од утре ја враќа „Бушава азбука“ на програмата appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....