12.8 C
Скопје
23:29 - 28 април, 2024

МОН: Далечинското учење е задолжително, учебната година ќе се реализира до крај

Министерството за образование не размислува за законската можност оваа учебна година да биде прогласена за завршена после успешно спороведени минимум 100 дена настава, туку се категорични дека далечинското учење е задолжително за сите деца, а наставата ќе се спроведе до крај. Од Министерството се уште немаат решение како во вонредната состојба ќе обезбедат подеднакви услови за сите деца, а веќе е изготвено упатство за тестирање и оценување по електронски пат и наскоро се очекува првото вреднување на постигнатиот успех. Се уште не е познат ниту бројот на ученици кои од разни причини дома немаат компјутер, таблет или паметен телефон, како и пристап до интернет.

– Со воведувањето на задолжителното далечинско учење, воспитно-образовниот процес продолжи да се спроведува формално, така што учебната година нема да биде прекината и повторена, туку ќе продолжи да се реализира до целосно завршување. Во меѓувреме, Министерството за образование и наука се обрати до училиштата со цел да се обезбедат податоци за учениците кои потекнуваат од семејства од социјален ризик и кои можеби немаат електронски уреди, или пак интернет, со цел да се изнајде начин на истите да им се помогне и да бидат вклучени во наставата. Но, од училиштата не ги добивме податоците кои ни беа потребни. Така што, сега во соработка со Министерството за труд и социјална политика ги обезбедуваме податоците за децата од социјално загрозени семејства и по компарирање со податоците од училиштата, ќе ја добиеме реалната бројка на ученици кои имаат потреба од поддршка и помош во делот на вклучување во далечинското учење, по што ќе излеземе во јавноста со повеќе информации. Обезбедувањето на интернет ќе се реализира со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација, додека за евентуално обезбедување на ИТ уреди, дополнително ќе информираме – велат од МОН за „Слободен печат“.

МОН минатата недела спроведе анкета до сите училиишта за тоа дали учениците дома имаат барем еден компјутер или паметен телефон и интернет и дали се корисници на социјална помош, а потоа министерот за образование Арбер Адеми објасни дека настанало недоразбирање и училиштата не ги испратиле целосно бараните податоци. За обезбедување на интернет-врска рече дека со министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски размислуваат да им  доделат ваучери за интернет на децата од социјален ризик.

Заради светската пандемија со коронавирусот Владата од 11 март ја прекина наставата во сите основни и средни училишта и на факултетите за период од 14 дена, а на 18 март претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена. Тогаш МОН им препорача на образовните уставнови да изнајдат начини со кои ќе ја продолжат едукацијата, а наставниците почнаа да импровизираат и да изведуваат онлајн-настава на разни платформи, секој на свој начин.

The post МОН: Далечинското учење е задолжително, учебната година ќе се реализира до крај appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....