Претседателот на САД, Доналд Трамп изненадно ја прекина прес-конференцијата за медиумите за коронавирусот заради пукотница во близина на Белата куќа.
За време на прес-конференцијата одеднаш во просторијата упадна припадник на Тајната служба.
– Претседателу, излезете од салата.
– Извинете, што? – му вели изненадениот Трамп, па веднаш го послуша и ја напушти прес-конференцијата за новинарите.
Трамп го изнесоа од просторијата заради пукотница надвор од оградите на претседателскиот комплекс во Вашингтон. По неколку минути Трамп се врати на конференцијата.
– Имаше пукотница надвор од Белата куќа. Ми кажаа дека застрелале наоружан маж, во болница е, не знам во каква состојба. Изгледа ситуацијата е под контрола. Би се заблагодарил на Тајната служба, која повторно изврши сјајна работа, беа брзи и ефикасни, рече Трамп откако се врати на прес-конференцијата.
Тој додаде дека се чувствува безбедно со Тајната служба.
– Тоа се фантастични момци. Најдобрите од најдобрите. Супер се истренирани. Сакаа да се тргнам на кратко додека да бидат сигурни дека се е под контрола, додаде американскиот претседател.
Маж (51) се доближил на агент на Тајната служба близу Белата куќа. Му кажал дека е наоружан, се стрчал спрема него и посегнал по нешто.
– Имаше став како да ќе пука. Агентот на Тајната служба извади оружје и го застрела во градите, објави Тајната служба.
Инцидентот се случил на раскрсницата на 17-та улица и авенија Пенсилванија, во близина на паркот Лафајет. Си-Ен-Ен пишува дека од два полициски извори дознале дека човекот не бил наоружан.
The post Моментот кога Трамп беше итно евакуиран: Агент на тајната служба му кажа три збора, тој не знаеше како да реагира (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Моментот кога Трамп беше итно евакуиран: Агент на тајната служба му кажа три збора, тој не знаеше како да реагира (ВИДЕО) was first posted on август 11, 2020 at 8:17 am.