25.8 C
Скопје
19:20 - 18 мај, 2024

Паркинг кај „Холидеј ин“ – визија, профитерство и национален интерес

Парцелата паркингот пред „Холидеј ин“ е единствената голема  атрактивна локација во центарот на градот, која урбаната мафија не успеа да ја искрчми,  распарчи и да ја упропасти. Историскиот плоштад со Калето и Камениот мост, каде што се забележани историски записи, а во времето на создавањето на македонската држава на овој плоштад се држеа сите големи манифестации и митинзи, сега е нападнат од урбаната мафија и накитен околу со симболи на барокот и антиката, ја изгуби својата историска функција и делува малку ладно.  Со новите објекти – хотел „Мериот“, градбата на Самсоненко и други – го затворија  банкарскиот модерен комплекс и кажаа: кои сте вие, ние сме главните.

Ако го земеме предвид оцената на американската администрација дека за стабилност на регионот Северна Македонија сега е клучен фактор и ни даде статус на партнер, ние треба да ја продолжиме оваа доверба како економско-развоен фактор за регионот. Ценејќи ја таа состојба и тие можности, јас кога ја работев физибилити-визијата за развој на Македонија, цело време оперирав со факторот регион, кој ги опфаќа Ниш, Софија, Солун, Косово, Албанија и Црна Гора, што е минимум за стратешки економски развој за овој дел. Во таа студија ги дадов и трите многу важни институции за Македонија: регионален клинички центар, регионален бизнис центар и македонски институт за технологии (МИТ).

Ќе ви го претставам регионалниот бизнис-центар. Паркингот пред „Холидеј ин“ и целата локација опфаќа околу 70.000 метри квадратни површина од кои  половината е под мали куки, а другата половина се сегашните отворени паркинзи  и зелениот појас покрај Вардар. Кејот „13 Ноември“ јас го вкопувам (тоа беше предвидено и со подземната сообраќајница), па така локацијата станува целина сѐ до Вардар. Околу и под локацијата овозможуваме изградба на двокатна подземна гаража за околу 5.000 места. Над неа има мезанини и приземја од по два ката, секој по 40.000 метри квадратни, потоа се пет ката за канцеларии, а шестиот е парк и тераса од по 35.000 квадрати. Покрај реката над кејот се предвидени многу национални ресторани над Вардар. Овој центар е поврзан со постојниот Трговски центар со два моста на ниво на приземјето, а паркинг-гаражата е поврзана со два тунела.

Содржината на овој центар е на ниво на задачата да го опфати регионот: регионални канцеларии на Европската банка, на Монетарниот фонд, на Светска банка, други регионални банки и институции, берза, хотели, коцкарници, претставништва на големи корпорации, стоковни куќи, конгресна и други сали за состаноци и предавања…

Пред две години за оваа локација  имаше тендер за урбанистичко решение. Разговарав со архитектот што го доби тендерот. Му кажав дека имам идејно решение за објектите на таа локација, но главна поента на разговорот беше – не урбанистичко решение само за слободниот дел од локацијата, ами за целиот комплекс. Со ваква идеја архитектот отиде кај урбанистите во Општина Центар,  кои кога слушнаа што предлагаме, едноставно му го откажаа проектот. Веднаш  беше јасно: што мисли камиларот, не мисли камилата. И почнаа  да се шират  вести. Урбанистите во Центар му ја доделиле локацијата на бизнисмен што ќе предложи многу добро решение. Тој, за да добие локација со пониска цена, ја  вклучи и МПЦ, која свесно влезе во планот и на крај Министерството за транспорт и врски издаде дозвола за локацијата. Кога пукна резилот, Министерството објави дека сѐ било според закон. Би ги прашал во Министерството: дали помислиле за општествениот интерес на таа локација, кој ќе ги чисти стотината куќи, со чии пари и колку ќе чини сето тоа? Општината почна да отстапува барајќи некакво решение кое, колку што знам, сѐ уште се бара.

Ова е единствена локација во центарот на градот, на која утре треба да изникне новиот регионален бизнис центар, кој ќе биде центар на новата македонска растечка економија. Оваа локација не смее да се решава парцијално, ами во комплет за целата површина, но ќе се гради фазно според усвоеното урбанистичко решение. Ако центарот го претставува бизнисот, многуте ресторани во национален стил ќе ја претставуваат Северна Македонија со традиционалната кујна. Овој проект ќе чини најмалку една милијарда евра, а ќе се гради и ќе расте постепено 10 години, како што ќе  расте македонското стопанство и успешноста на овој центар да го покрие регионот. Ајде визијата да ја претвориме во реализација!

The post Паркинг кај „Холидеј ин“ – визија, профитерство и национален интерес appeared first on Слободен печат.


Паркинг кај „Холидеј ин“ – визија, профитерство и национален интерес was first posted on август 11, 2020 at 8:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....