На 4 дена до крајот на законскиот рок, до кога претседастелот Стево Пендаровски треба да го даде мандатот на оној кој ќе обезбеди 61 пратеник, од партитие тешко излегуваат конкретни информации до каде се преговорите за новата Влада.
Шкрти на зборови во политичките табори околу преговорите за новото парламентанро мнозинство. Високи партиски функцинери речиси и да не сакаат да говорат до каде е постапката за формирањето на новата Влада, посочуваат дека нема што повеќе да додадат од официјалните дневни партиски ставови. Со ваквиот однос партиите како да остават можност за пробивање на законскиот рок од 10 дена во кој шефот на државата Стево Пендаровски треба да го додели мандатот, а потоа мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на маднатот на Собранието треба да поднесе програма и предлог за составот на Владата.
Од СДСМ и денеска велат дека се преговара, но дека немаат ништо конкретно што да и соопштат на јавноста. Преку соопштение информираат дека сериозно преговараат за влада со полн четиригодишен, стабилен мандат, на јакнење на економскиот стандард, на прочистување на правостудвото и обезбедсување силна правна држава, владеење на правото и борба против корона вирусот и дека водат разговори за пронаоѓање на одговорни кадри кои ќе ги остварат ветените принципи.
И од ВМРО-ДПМНЕ, нема абер за преговорите, освен што секојдневно го повикуваат СДСМ да каже со кого формираат мнозинство.
Извори во албанскиот опозициски блок за Слободен печат пак велат дека „мириса“ на широка коалиција без ВМРО-ДПМНЕ, а со сите партии на Албанците. Додаваат дека доколку до нив стигне таков предлог прво ќе почекаат да видат дали Ахмети ќе го реализира лажното ветување за премиер Албанец. Не сакале да брзаат за да не му дадат алиби на Ахмети доколу не го реализира ветувањето за Албанец премиер. Додаваат дека сепак не е добро Албанците да останат без опозициска партија.
И додека партите од македонскиот блок молчат за преговорите, претседателот на ДУИ Али Ахмети не се откажува од идејата да ги обедини партиите на Албанците за Албанец премиер. Тој ги покани на скопска средба, лидерите на Алтернатива и на Алијансата, Африм Гаши и Зијадин Села, Ги кани и партнерите на лидерот на СДСМ Зоран Заев, на БЕСА и на ДПА, Билал Касами и Мендух Тачи.
– Се надеваме дека поракава ќе ве најде здрави и добри. Ве молиме да не информирате околу вашата подготвеност за оваа заедничка значајна средба, стои во поканата од ДУИ.
Слободен печат ги праша партиите дали ќе ја прифатат поканата на Ахмети.
Од Алтернатива велат дека ќе одлучуваат на состанок на партиското претседателство.
– Се што досега побара Ахмети се покажа дека било во негова корист, а на штета на Албанците. Ова е уште еден обид претседателот на ДУИ и потесното раководство да побегнат од затвор, велат во Алтернатива.
И од Алијасната посочуваат дека во наредните денови ќе го градат ставот за поканата на Ахмети.
-Нема да брзаме со нашиот одговор, прво ќе направиме анализа што стои зад неа, велат од Алијансата.
Од БЕСА и од ДПА нема одговор, недостапни се.
Во наредните четири дена партитие освен што треба да ги договорат ветувањата, треба да ги услогласат и програмите и позициите. А времето лета. Септември е на прагот и Македонија овој месец треба да го дочека подготвена за почеток на преговорите со ЕУ.
Малинка Ристовска-Јордановска од Институтот за европска политика за Слободен печат вели дека новата влада треба да се формира побрзо бидејќи во септември не очекува усвојување на преговарачката рамка за почеток на преговорите со Унијата. Посочува дека новата влада ќе треба до крај да ја спроведе европската агенда.
– Во голема мера од составот на новата влада ќе зависи и спроведувањето на европската агенда. Колку европските приорите ќе бидат и повисоко на скалата, толку повеќе ќе имаме и успешни преговори. Затоа треба да имаме проевропска влада со сопствена европска визија без историја на корупција зад себе. Новата влада треба институцијнално да се реоргнизира за да може да има механизми и струкута за преговори. Пред себе ќе има три предзвици: борба против корупцијата, темелни реформ во судскиот систем и реформи во јавната администрација, вели Ристовска – Јордановска.
The post „Мириса“ ли на широка коалиција без ВМРО-ДПМНЕ? appeared first on Слободен печат.
„Мириса“ ли на широка коалиција без ВМРО-ДПМНЕ? was first posted on август 10, 2020 at 2:03 pm.