26.8 C
Скопје
15:29 - 29 април, 2024

Учениците и натаму на стенд-бај: Утре продолжуваат преговорите помеѓу МОН и Комисијата за заразни болести

Коронакризата и натаму трае, а покрај тоа што бројот на новозаразени во земјава се уште е висок, еден од најсериозните проблеми и предизвици со кои се соочуваме во моментот е организацијата на образовниот процес.

Минатата учебна година токму поради пандемијата со Ковид-19 заврши онлајн, а иако денеска беше одржан состанок помеѓу членовите на Комисијата за заразни болести и претставници од Министерството за образование, одлука за тоа дали учениците ќе се вратат во училишните клупи од септември и натаму нема.

Епидемиологот Александар Стојанов за МИА истакна дека разговорите ќе продолжат и утре, кога се очекува да бидат финализирани протоколите за реализација на наставата од септември.

– Се уште сме во преговори. Крајното решение ќе го даде Министерството за образование и наука –  вели доктор Стојанов.

Од друга страна, министерот за образование, Арбер Адеми, кој денеска излезе од изолација, уште од претходно најави дека се подготвуваат протоколи, односно дека би било најдобро учениците да се вратат на училиште, но и дека за тоа е потребно да се направи детална епидемилиошка проценка пред да се каже последниот збор.

– Следна фаза е уште еднаш протоколите да се разгледаат во Комисијата и потоа на седница на Влада да се одлучи кој модел конкретно би се активирал за кои околности и во која епидемиолошка состојба. Имаме време пред нас. Преовладува позитивно мислење и во Kоординативниот кризен штаб и во Владата, но и во образовните институции, учебната година да почне со физичко присуство. Не прејудицираме, се разгледуваат сите можни опции, ги имаме протоколите за сите модели на настава кои се подготвуваат низ инклузивен пристап со консултација на сите засегнати страни за да имаме издржани решенија – порача Адеми во петокот.

И додека и по денешниот состанок се уште сите опции останаа на маса, од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК, преку кратко соопштение на Фејсбук изразија надеж дека при носењето на одлуката во фокус ќе се стави здравјето на децата.

„Се надеваме дека Комисијата за заразни болести и МОН ќе донесат рационална одлука за почетокот на новата учебна година. Убедени сме дека како приоритет ќе им биде здравјето на учениците и вработените во училиштата, пред моделот на изведување на наставата“, стои во статусот на СОНК.

Што мислат родителите?

Во оваа ситуација најзагрижени во моментов се родителите, кај кои е видлива поделбата на оваа тема. Дел од оние кои се за настава во училница како аргумент ги посочуваат сите слабости на онлајн наставата во последните три месеци од претходната учебна година. Оваа група на родители верува дека не постои добро изработена платформа за е-учење, па сметаат дека токму тие повторно ќе мора да работат повеќе со децата од тоа што треба за учениците да можат да се стекнат со соодветно знаење.

Другата половина родители, оние кои сметаат дека е најсоодветна онлајн-наставата, како приоритет ја посочуват здравствената безбедност на децата. Овие родители веруваат дека без разлика на тоа што онлајн наставата не е идеално решение, сепак големиот број на заразени со Ковид-19 во земјава е доволен показател дека децата не треба да се вратат на училиште.

Комбинираната настава едно од можните решенија

Од Министерството за образование и наука засега не дадоа многу конкретни одговори за почетокот на новата учебна година, меѓутоа, комбинираната настава уште од претходно беше посочена како едно од можните сценарија.

Сепак, токму на состанокот кој ќе продолжи утре треба да се донесат точни протоколи, поточно да се даде детален план за тоа како таа настава ќе изгледа и колку дена во неделата децата би требало да ода на училиште, доколку се одобри моделот за комбинирана настава.

Воведувањето на смени и редуцирањето на бројот на учениците во класовите исто така се дел од можните опции, но, барем засега, нема никаков официјален договор помеѓу членовите на Комисијата за заразни болести и претставници од МОН.

Комбинирана настава спас за учениците од септември?

The post Учениците и натаму на стенд-бај: Утре продолжуваат преговорите помеѓу МОН и Комисијата за заразни болести appeared first on Слободен печат.


Учениците и натаму на стенд-бај: Утре продолжуваат преговорите помеѓу МОН и Комисијата за заразни болести was first posted on август 10, 2020 at 1:38 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....