20.8 C
Скопје
14:02 - 24 април, 2024

Шилегов: Спомениците од времето на малото диктаторче може да ги однесеме во депонијата во Ѓорче!

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска рече дека размислува спомениците од Скопје 2014 да ги однесе во расчистената депонија во Ѓорче Петров.

– Зошто да не ги однесеме сите споменици на едно место? – На пример тоа би можело да биде во расчистената депонија во Ѓорче. Ќе изгледа како мементо парк, што ќе можат да го посетуваат сите кои сакаат да се сеќаваат на малото диктаторче. Таков пример имаме од Унгарија, која сите споменици од комунизмот ги однесе во т.н. мементо парк, рече Шилегов.

Шилегов нагласи дека тоа би било одлично решение со оглед на сериозната поделеност на општеството.

– Мојот став во врска со проектот Скопје 2014 е непроменет, но сметам дека дека треба да имаме разбирање за чувствата на одредени граѓани, затоа дислокацијата ќе ја направиме на начин што никој нема да биде навреден, додаде Шилегов.

Текстот е преземен од slobodenpecat.mk со претходна дозвола од порталот.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....