13.8 C
Скопје
17:43 - 3 март, 2026

Прво на матичен лекар, па дури потоа на вакцинација против ковид -19!

Со голем број непознаници и неодговорени прашања ќе ја дочекаме вакцинацијата против ковид 19 која се очекува на почетокот од 2021 година. Дали граѓаните што се без симптоми, а го носат коронавирусот без да знаат, ќе смеат да се вакцинираат? Со оглед на фактот што асимптоматските носители на коронавирусот без тест не можат да знаат дека го имаат, ќе мора ли сите граѓани да се тестираат пред да се вакцинираат, за да ја елиминираат можноста да се позитивни?

Надежта е дека самите производители чии вакцини ќе бидат одобрени и транспортирани во Македонија преку Ковакс механизмот, меѓу кои Фајзер и Бионтек, Астра Зенека и можеби руската вакцина Спутник 5, во своите упатства ќе ја наведат оваа информација.

Професорот на Медицинскиот факултет, доктор Никола Пановски, вели дека тие што се носители на коронавирусот без симптоми, треба да почекаат седум до десет дена пред да ја примат вакцината.

– Приоритет ќе имаат здравствените работници и ризичните групи а понатаму ќе се следат искуствата. Нема одговор дали ќе се бараат антителата. Сепак, тие што се носители, треба да почекаат. Носителството е од седум до десет дена ако станува збор за случај без симптоми, објаснува Пановски.

„Слободен печат“ разговараше со врвни медицински работници од земјава, членови на Комисијата за заштита од заразни болести, меѓутоа за ова важно прашање воопшто не се дискутирало на состаноците на Комисијата.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

Слични објави

(Фото) Спасен Силјановски на одмор, ужива во убав спа центар со семејството

Еспресо

Џастин Тимберлејк со тужба против објавување на снимката од апсењето за возење под дејство на алкохол

Еспресо

Ѝ пропадна бизнисот на Ана Ивановиќ: Вложи три милиони евра, ама нема интерес за нејзината природна козметика

Еспресо

(Фото) Теодора Џехверовиќ го покажа својот скриен талент, сите се воодушевени

Еспресо

(Фото) Каков фраер е синот на Харис Џиновиќ: Кан се набилда и пушти брада, ги остави жените без зборови

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ сподели радосна вест: Малата Арија наполни шест месеци

Еспресо
Се вчитува....