3.8 C
Скопје
21:56 - 20 декември, 2024

Македонија може да добие 50 милиони реформски пари за европски пат: За што ќе ги искористи?

Откако вчера еврокомесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархељ од Скопје најави дека побарал на земјата да и бидат одобрени 50 милиони евра европски пари, „Слободен печат“ ги праша експертите за еропските прашања, на што најмногу Македонија треба да ги потроши овие пари ако ги одобри Европскиот парламент.

Симонида Кацарска од Институтот за европски прашања вели дека во оваа фаза малку е нејасно за какви средства се работи.

– Иако Комесарот не беше доволно прецизен во однос на тоа за какви и кои средства станува збор, во секој случај, нивната намена е поддршка на процесот за пристапување. Традиционално, овие средства се наменети за унапредување и усогласување на законодавството, јакнење на институциите и човечкиот капитал во земјите кои пристапуваат со цел да се олесни нивниот процес на пристапување, но и да се поддржи нивната идна улога како членки на ЕУ. Во однос на вториот аспект, преку средствата за пристапување, земјите кандидатки се подготвуваат и по нивното членство да ги користат структурните фондови на ЕУ кои се наменети за справување со регионалните разлики во Унијата – вели Симонида Кацарска, од Инстиутот за европски прашања.

Поранешниот дипломат Нано Ружин вели дека зад тие пари стојат земјите членки на Унијата, но пред се Франција. Треба да бидат основа за методологија со која требат пред се да им се помогне на државите што се аспиранти за побрзо адаптирање на европските стандарди.

– Тоа се реформски пари за земјата да може побрзо да се подготви за влез во ЕУ. Тоа не се само пари – 50 милиони евра, туку тоа се пари кои ќе овозможат и поблиска соработка на земјата со Европската Унија. Тие пари се наменети пред се за адаптирање на државата кон европските стандарди. Можеби еден дел од нив ќе бидат одвоени за обуки на кадри во судството, но и за администрацијата, бидејќи таа ќе го понесе најголемиот товар од сите тие реформи. Можеби дел ќе се одвојат и за поголема безбедност бидејќи постои опасност од мигрантски, терористички групи, од сајбер тероризмот. Така што сметам дека ова е една мала постутешна награда за она што го доживеавме во 2019 година, но мислам дека решеноста е голема за да се направи исчекор особено кон нашата држава – вели Ружин.

Вчера еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ рече дека побарал од Европскиот парламент да објави награда за Северна Македонија од 50 милиони евра за постигнувањата и резултатите во искористувањето на европските фoндови.

– Овој предлог е во Европскиот парламент и се надевам дека ќе добие зелено светло и дека исплатата ќе се овласти. Па така многу брзо ќе мора да планирате како да ги искористите парите – рече Вархељ во Скопје.

The post Македонија може да добие 50 милиони реформски пари за европски пат: За што ќе ги искористи? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....