3.8 C
Скопје
04:04 - 17 ноември, 2024

Македонија ќе се „запише“ на Оксфорд за вакцинација?

Првиот бран од ширењето на новиот вирус речиси и да не заврши, а веќе забрзано почна втор удар на ковид-19. Создавањето глобален имунитет на природен начин преку т.н. прележување на болеста станува јасно дека ќе биде побавно отколку што се очекуваше, а ќе однесе и многу повеќе жртви. Поради тоа спас од ситуацијата се бара во пронаоѓање на вакцина, која би понудила заштита од новиот вирус. Земјите во светот ги користат сите можности за ден поскоро да обезбедат вакцини, а и нашето Министерство за здравство прави напори и кај нас да ги има вакцините кога ќе бидат произведени.

Добри вести на оваа тема стигнаа од САД, каде вакцината АЗД1222, популарно наречена „Оксфорд вакцина“, влезе во последната фаза на тестирање, а се очекува да биде во употреба во Велика Британија, САД и неколку европски земји во септември. Овој институт, кој во соработка со британскиот фармацевтски гигант „Астра зенека“ веќе почнува да произведува две милијарди дози вакцина, кои ќе бидат испорачани до крајот на годината. Компанијата се откажа од профитот додека трае пандемијата, а вакцината, како што најави нивниот директор, ќе чини „колку едно еспресо“. По вакцинацијата, телото произведува протеин со кој имунолошкиот систем подоцна го препознава и го напаѓа ковид-19, кога се обидува да го инфилтрира во телото. Испитувањето кај мајмуните покажало дека вакцината ги штити од пневмонија.

Претседателката на нашиот Комитетот за имунизација Александра Грозданова вели дека, иако се во постапка на тестирање и други вакцини што треба да штитат од ковид-19, оваа од Оксфорд е најсериозниот кандидат.

– Во фаза на тестирање на луѓе е и вакцината „Модерна“ во Бостон. Но, според информациите, вакцината што ја развива Оксфорд е водечки кандидат, бидејќи покажала добра имунолошка реакција на коронавирусот во досегашните тестирања – вели Грозданова.

Таа потенцира дека ефикасноста и безбедноста на вакцините е првото и најважното нешто што се следи, така што ако вакцината биде одобрена за употреба, мора да ги исполни овие два услова.

Сепак, според неа, септември е нереално рано за да може да се очекува готова вакцина што ќе штити од ковид-19 да добие масовна примена.

Вакцината на Оксфорд во моментот се тестира на околу 10.000 доброволци во Велика Британија, 5.000 во Бразил, 2.000 во Јужна Африка и наскоро на 30.000 лица во САД, влегувајќи во последната трета фаза, по што итно ќе биде одобрена за употреба.

Според документацијата, Европската инклузивна вакцинална алијанса (ИВА), предводена од Германија, Франција, Италија и од Холандија, се договорила со „Астра зенека“ за 400 милиони дози во септември.

Сличен договор е постигнат со Велика Британија, САД, ЦЕПИ (Коалиција за иновативна подготвеност за пандемија) и Алијансата ГАВИ, група за финансирање на вакцините, за 700 милиони дози. Тоа прави над една милијарда дози за првите испораки во септември 2020 година.

Македонија доби покана за вклучување преку Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ), која би требало да ни обезбеди одредени количини на вакцина кога таа ќе биде произведена. Информацијата веќе се обработува во Министерството за здравство, по што ќе треба да биде одобрена и од Владата. Но засега е рано за да се знаат одредени детали околу тоа кој ќе ги добие првите дози, дали ќе биде задолжителна и кога поточно може да ја очекуваме.

Лекарите што го лекуваат ковид-19 се во исчекување на новата вакцина, бидејќи таа би можела им да ги ублажи симптомите на пациентите.

– Вакцината сѐ уште во фаза на тестирање и она што го знаеме е дека преку нашето Министерство за здравство ќе се обезбеди рамноправен пристап во однос на другите земји кога ќе биде готова. Во зависност од тоа каква ќе биде вакцината, може да очекуваме комплетна заштита од болеста, но и олеснување на симптомите што пациентите би ги добиле ако се разболат, што е многу важно за исходот на нивното лекување – вели Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести.

Нашата стручна јавност предупредува дека треба да се биде внимателен со вакцината, бидејќи може да се случи, како што беше и со употребата на антималаричнита лекови во лекувањето од ковид, кои потоа се исфрлија бидејќи се постави прашањето дали позитивните ефекти се поголеми од негативните.

The post Македонија ќе се „запише“ на Оксфорд за вакцинација? appeared first on Слободен печат.


Македонија ќе се „запише“ на Оксфорд за вакцинација? was first posted on јули 14, 2020 at 8:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....