21.8 C
Скопје
18:49 - 1 мај, 2024

Лошата проценка на Трамп ги доведоа САД пред колапс од коронавирусот

САД ги живеат можеби најтешките моменти во поновата историја. Водечките лекари, неделата што измина ја нарекоа нов 11 септември а, Њујорк го споредија со Перл Харбур.

Американските медицински власти јавно признаваат дека здравствената катаклизма со која се соочуваат е само почеток на тоа што ги очекува САД.

Она што е неверојатно е фактот што за само неколку дена, најмоќната сила во светот е пред колапс, поради притисокот на епидемијата на вирусот корона.

Дел од сојузните држави воведоа ограничување на движењето, додека има голем дел од федералните држави кои тоа сè уште го немаат направено.

Секоја од државите воведе свои мерки и правила. Сојузната држава Флорида до вчера имаше полни плажи, додека Њујорк наликува на „град на духови“ .

Дел од Американците до последен момент ги бранеа своите права за слобода на движењето, а свештениците во разните верски заедници одбиваа да прекинат со одржување на богослужба и миса во своите цркви, исмејувајќи го коронавирусот и нарекувајќи ја пандемијата, измислица.

Од друга страна соочен со поразувачкиот дефицит на маски за лице, респиратори, тестови и легла по болниците, и тоа во најразвиената држава во светот,претседателот Доналд Трамп се обиде да ја дефокусира јавноста, прикажувајки дека сè е под контрола и дека САД наскоро ќе ја победат епидемијата од коронавирусот.

Освен што вети американска помош во медицинска опрема за  европските држави, Трамп започна да пропагира и лекови против маларија како можни лекови за сузбивање на Ковид 19.

Американските медицински експерти го критикуваат Трамп дека ги ветува лековите, а за нив притоа  нема никаква научна и медицинска поткрепа во лекувањето на заболените од коронавирусот.

Дел од политичките експерти во САД, јавно го нарекуваат Трамп како најлош претседател во американската историја. Тие му забележуваат на задоцнетата реакција, но и на сегашното неговото, како што го нарекоа несериозно однесување.

И покрај фактот што секоја од федералните држави има свој степен на автономија, како и фактот што Американците се чувствителни кога им се загрозува правото на слободен избор, сепак, Белата куќа морапа  да воведе универзални правила и мерки за спречување на заразата.

Како прва забелешка за Трамп е тоа што САД поради неговиот однос, несериозно ја дочекаа пандемијата.

Потоа ја пропушти шансата да ги затвори границите кон соседните држави и така да ја заштити нацијата од коронавирусот, особено што САД се технолошки и научно, најсилна држава во светот.

На пописот на забелешките кон Трамп се посочува и неговиот неуспех да воведе строги мерки и така да го ограничи ширењето на вирусот низ територијата на САД.

Наместо да се воведат овие мерки, се создаде хаос од 349 илјади заразени, бројка многу поголема од вкупниот број на заболени во Кина, Италија и Шпанија заедно, обвинуваат аналитичарите.

Наспроти борбата со пандемијата и заштитата на населението од опасниот вирус, Трамп одлучи да ја брани економијата.

Американските медиуми наведуваат дека повеќе од сигурно е дека Трамп ја потценил опасноста од пандемија во САД,а за која сега е доцна да се правда и извинува

.Особено поради високата бројка на починати како и вестите дека  њујоршките власти одобриле починатите да се закопуваат во парковите, бидејќи нема место на гробиштата и мртовачниците во градот.

За споредба, Германија имаше поинаков пристап. Канцаларката Ангела Меркел одлучи да ги заштити германските граѓани и за кратко да ја жртвува економијата.

Статистиката вели дека Германија до денес има 19 починати на милион жители, што во услови на епидемијата на коронавирусот, може да се смета за успех,пишуваат американските медиуми.

 

The post Лошата проценка на Трамп ги доведоа САД пред колапс од коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....