11.8 C
Скопје
09:31 - 25 април, 2024

„Локдаун“ е избран за зборот на годината

„Локдаун”, (затворање, заклучување) е зборот на годината за 2020 година, според издавачката куќа „Харпер Колинс”, која објавува толковен речник на англиски јазик.

„Локдаун” од експертите на Харпер Колинс беше опишан како „ограничувачка мерка што ја користат владите ширум светот за спротиставување на ширењето на Ковид-19″ и „воведување на строги ограничувања на движењето, социјалната интеракција и пристапот до јавни места”.

Според лексиколозите, зборот е избран затоа што мерката, тестирана од луѓе во многу земји низ светот, „стана обединувачко искуство за милијарди луѓе ширум светот кои колективно играа улога во борбата против ковид-19″. Вкупно, во текот на изминатата година, експертите на издавачката куќа регистрирале повеќе од 250.000 случаи на употреба на овој збор, во споредба со 4.000 – една година порано.

Краткиот список на зборови и фрази кои претендирале за збор на годината вклучува уште пет концепти поврзани со пандемијата што ја погоди планетата во 2020 година и го смени начинот на живот на милијарди луѓе. Тоа се самиот „коронавирус”, „суштински работник”, „присилно неплатено отсуство”, „самоизолација” и „дистанцирање”.

Други зборови од потесниот список, што ги рефлектираат најзначајните настани во годината и во Велика Британија и во светот, се кратенката BLM („Црните животи се важни”), сложената именка Мегзит („Мегзит”, се однесува на одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да се повлечат од извршувањето на кралските должности), тиктокер („тиктокер”, активен корисник на оваа социјална мрежа) и мукбанг („мукбанг” – јадење многу храна на видео или во живо).

Во 2019 година од Харпер Колинс ја дефинираа фразата „климатски протест” како фраза на годината, во 2018 година терминот „еднократна употреба”, а во 2017 година – „лажни вести”.

Преземено од Слободен печат

The post „Локдаун“ е избран за зборот на годината appeared first on Слободен печат.


„Локдаун“ е избран за зборот на годината was first posted on ноември 10, 2020 at 6:59 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....