-4.2 C
Скопје
03:34 - 25 ноември, 2024

Лесно е да си ситничава опозиција во време на криза

Заев е мафијаш, криминалец, предавник, злотвор, со крвави раце, убиец, терорист, крадец, неспособен, будала, провинцијалец, женомрзец, мажомрзец, детомрзец, уште предавник и уште криминалец, неспособен на куб и на квадрат, режим, угнетувач, одроден, наркобос со марихуана, коронаш, комуњара, хунта, продадена душа, купена душа, бездушник, кукавица, шверцер, лажго, хохштаплер, гробар, злосторник, национална катастрофа, катаклизма, пропаст, крај на светот, апокалипса, црна дупка – и барам итна лидерска средба кај предавникот и неспособен Пендаровски за да разговараме со Заев за тоа како треба неговата влада да ги води сите политики во државава! Еве, ние ѝ подаваме рака на власта, да не кажете после дека само критикуваме!“

Ова е, отприлика и без многу претерување, идејата на Мицкоски за тоа како треба да изгледа јавниот политички говор во Македонија со кој треба да се создаде доверба за конструктивен разговор меѓу лидерите и да се промовира соработка на натпартиско ниво за решавање на прашања од национален интерес.

Тоа е како да му заѕвоните на г. Мицкоски дома и, кога ќе ви отвори, да му истурите една кофа со измет од говеда врз глава, со ’ркање да го плукнете в чело, да му се исекнете на влезот, а потоа да му понудите суво палома марамче за да се забрише и да му кажете дека сте дојдени да му дадете совет за внатрешен дизајн на неговиот дом, сосе избор на тапети за во дневна, корнизи за завесите и плочки за во купатило. И уште еднаш да го плукнете в чело, за да нема сомневање во вашите добри намери.

Нормално дека никој нормален лидер нема да сака да се види под ненормални услови со г. Мицкоски. Светот се наоѓа во најголемата општествена криза по Втората светска војна, крајот уште не ѝ се гледа, политиката во иднина ќе се дели на ПРЕД и ПО ковид-пандемијата. Во такви околности, г. Мицкоски се однесува како сопственик на мала фирма за погребални услуги кој, со ужалена фаца застанат на паркингот пред Инфективна клиника, кога никој не го гледа, трие раце заради можноста за добар бизнис со пластичните венци… Или како раздраган подалечен роднина кој нестрпливо се надева дека ќе има нешто и за него во тестаментот ако наскоро почине вујкото од тетка… Како вмровските пратеници во Собранието кои се толку загрижени за состојбите со епидемијата во земјава, што никако не сакаат да работат онлајн, не би ли го упокоиле „вујкото од тетка“ што побрзо, па да поминат на бизнисот со пластичните венци и со отворањето на тестаментот…

А дури и да се одржи, таквата лидерска средба ќе биде неуспешна и само ќе ја вознемири јавноста уште повеќе и ќе се сведе на драмолетката со изјавите за медиумите по настанот, кога Мицкоски, со познатата поза на по малку еготистичен и циничен експерт за сите прашања, ќе повтори половина од регистерот на горните квалификации за Заев и ќе заклучи дека, не дојде ли тој на власт, со Македонија е готово, амен!

Затоа, можеби е попаметно, за да не се арчи многу политички мастраф и кисела вода, наместо лидерска средба, да му се овозможи на г. Мицкоски да одржи прес-конференција од дворчето на претседателската вила на Водно? Ќе изгледа сериозно, претседателски, ќе може да се лајка и да се шерува од тука до Индија и, општо земено, ќе му заврши работа за тој ден.

Штета е што сегашната македонска опозиција не може да се консолидира на начин што би ѝ го подигнал авторитетот во јавноста за да биде кредибилен критичар, но и соработник со власта во овие тешки времиња, кога навистина е потребна позитивна мобилизација на јавноста. Во големи кризи, отсекогаш било полесно да си во опозиција наместо на власт, ама не мора тоа баш секојдневно, наметливо да ни се демонстрира со ситничавото однесување на нашиот „подалечен роднина на вујкото од тетка“.

The post Лесно е да си ситничава опозиција во време на криза appeared first on Слободен печат.


Лесно е да си ситничава опозиција во време на криза was first posted on октомври 19, 2020 at 10:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....