14.8 C
Скопје
19:10 - 28 март, 2024

Застрашувачкото движење на теоретичарите на заговор ја полуде и Европа

Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм бришат видеа и пораки со кои се најавува „бура“ на Трамп во конфронтацијата со „сатанистите“.

Јутјуб избриша десетици илјади видеа од американското движење QAnon во последните два дена. Претходно, нивните пораки беа избришани од Фејсбук и од Инстаграм. Тоа е движење создадено во 2017 година, кое застапува теории на заговор, антисемитизам и други радикализми.

„Њујорк тајмс“ добро го дефинира QAnon – тоа е крајно десничарска теорија на заговор, според која педофилите, обожаватели на кабала и на сатаната, водат глобален синџир на сексуална експлоатација на деца и прават заговор против Доналд Трамп. А, самиот Трамп, според таа теорија, планира ден на пресметка, „бура“, кога илјадници членови на оваа наводна сатанска кабала ќе бидат уапсени.

Честопати, буквата „Q“ во облик на змија е придружена со слоганот „where we go one we go all“ или скратено WWG1WGA, што значи „каде што оди еден, сите одиме“. Потеклото на „QAnon“ е исто така 4chan, интернет нелегална платформа, на која има мноштво теми, маргинални, но и екстремистички. Се смета дека ширењето на оваа теорија на заговор почна со објава од 2017 година објавена од членот „Q“ по кого беше именувана теоријата. Веќе во средината на 2018 година, извесен Метју Рајт незадоволен од тоа што Трамп не почнал со масовно апсење, блокираше мост со оклопно возило и беше вооружен со две автоматски пушки со спецификации од вооружените сили и 900 парчиња муниција. На крајот на истата година, еден човек од Калифорнија беше уапсен во автомобил полн со експлозив со намера да го разнесе наводниот сатанистички споменик во Спрингфилд.

Протест организиран од QAnon против холивудските ѕвезди за наводна злоупотреба на деца/ Лос Анџелес, Калифорнија, 22 август 2020/ Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA

Но, не само што активноста на „QAnon“ не стивнува, туку тие, всушност, стануваат сѐ повеќе јавни. Обожавателите на оваа теорија на заговор се раширија низ цела Европа, а буквата „Q“ почна да се појавува на социјалните мрежи на неанглиски јазици, но и на протестите против пандемиските мерки во земји како Германија. И пандемијата е за тоа плодна почва затоа што може да најде и соодветен катализатор, идентичен со американскиот – крајната десница.

Иако практично има поклоници на теоријата низ цела Европа, влијателните њујоршки весници тврдат дека најмногу ги има во Германија, дури 200.000. Во време кога проблемите со десниот екстремизам растат во полицијата и во армијата, канонистите се најмалку пожелни за Германија бидејќи здружувањето со крајно десничарските сили им дава и политичка димензија.

Проблемот е во тоа што „QAnon“ не промовира отворено фашизам, туку продава суптилна порака за да биде прифатлива за сите слоеви на општеството, дури и за оние што сметаат дека се имуни на нацизмот поради историјата. „Компакт“, десничарскиот магазин, посвети три свои броја на „QAnon“. Неговиот уредник Јирген Елсесер не верува во теоријата на заговор, но смета дека „QAnon“ е иновативен пристап.

The post Застрашувачкото движење на теоретичарите на заговор ја полуде и Европа appeared first on Слободен печат.


Застрашувачкото движење на теоретичарите на заговор ја полуде и Европа was first posted on октомври 19, 2020 at 10:25 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....