24.8 C
Скопје
13:33 - 29 април, 2024

Кои земји во регионот дозволуваат слободен влез за македонските државјани?

Коронавирусот го промени и начинот на транзитирање од една во друга земја, па така на македонските државјани им е потребен негативен ПЦР тест не постар од 48 часа за влез речиси во сите земји во регионот.

Од друга страна пак влезот во Македонија останува слободен, односно без ПЦР тест, како резултат на регионалната иницијатива поддржана од Србија, Црна Гора, Косово и Босна, а која ја имплементираа само Косово и Макеоднија.

Влез во Србија, Црна Гора и БиХ само со негативен ПЦР тест  

Граѓаните на Република Македонија нема да можат да патуваат во Србија, Црна Горна и Босна и Херцеговина без приложување на негативен ПЦР тест, стои во одлуката на Владата.

Како резултат на влошувањето на состојбата со ковид-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Слободен влез во Косово и Албанија

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата од претходно упати апел до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Во Република Албанија режимот на движењето на македонски државјани, за влез од Македонија во Албанија, или за транзит низ Албанија е следниот: Отворени се границите,  не е потребно одобрение за влез, не е потребен ПЦР тест, не е потребен карантин и не е потребна самоизолација.

Сепак македонските државјани кои ја користат Албанија како транзит за остварување влез во друга држава на ЕУ, потребно е да имаат регулиран престој во државата каде патуваат и нашата  држава да не се наоѓа на листа на земји од каде е забранет влез (црвена листа).

Само со негативен тест во Бугарија, грчките граници остануваат затворени до 25 октомври

Влез и престој во Бугарија за македонските државјани е дозволен само со негативен ПЦР тест од акредитирана лабораторија во Република Македонија. При транзитирањето за македонските државјани не е задолжителен ПЦР тест. При транзитирањето, територијата на Република Бугарија треба да се напушти што побрзо (не е дозволен престој).

Од друга страна, границите со Грција остануваат затворени до 25 октомври, откако двете министерски одлуки што се однесуваат на привремено ограничување на копнените, морските и авионските поврзувања на земјата и на забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, јужниот сосед ги продолжи за уште 12 дена.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во однос на копнените граници, ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија” се однесваат за временскиот период од 13 до 25 октомври 2020 година.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

Десетдневен карантин за македонските државјани кои без тест ќе пристигнат во Словенија, потребен негативен тест за влез во Хрватска

Македонија е на списокот на држави со епидемиолошки висок ризик од инфекција со заразната болест ковид-19 (црвен список), па поради ова на лице кое влегува во Република Словенија и доаѓа од Македонија му се одредува карантин од 10 дена поради можна инфекција со вирусот.

Карантин нема да се одреди ако лицето прикаже негативен тест за коронавирус на граничниот премин, кој не е постар од 48 часа и е извршен во земја-членка на ЕУ, земја-членка на Шенген зоната или во Словенија, од страна на институција или поединец, идентификувани од Институтот за микробиологија и имунологија.

Јуни 2020 / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

При влез на македонски државјани во Хрватска пак, потребно е да се поседува негативен ПЦР  тест издаден во последните 48 часа (од моментот на земање на брисот се до пристигнување на граничен премин).

За влез и транзит во Турција нема потреба од ПЦР тест и нема задолжтелен карантин

Турција е една од ретките држави која дозволува влез без ПЦР-тестови и воедно промовира безбеден туризам со низа мерки кои на странските посетители и туристи треба да им обезбедат најдобра можна превенција. Станува збор за сертифицирана програма која е подготвена од турското Министерство за култура и туризам во соработка со други министерства, а која се однесува на сместувањето, храната и пијалоците и транспортниот систем.

Програмата вклучува основни правила во однос на хигиената и социјалната дистанца за сите фази од патувањето со низа дефинирани мерки кои треба да обезбедат максимално здрава и безбедна околина за посетителите. Па така, доколку размислувате сега да ја посетите Турција, нема да имате никакви проблеми при влегувањето во оваа земја.

 

The post Кои земји во регионот дозволуваат слободен влез за македонските државјани? appeared first on Слободен печат.


Кои земји во регионот дозволуваат слободен влез за македонските државјани? was first posted on октомври 19, 2020 at 1:26 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....