-2.2 C
Скопје
20:25 - 22 декември, 2024

Кети Костова: И ние девојките со вишок килограми сме убави на свој начин!

Многу оддамна имав желба да се побунам затоа што ние девојките или жени со вишок килограми не можеме да си најдеме некое убаво парче облека кое е „плус сајз“, а да не е по некоја астрономска цена, нѝ пишува Кети Костова, девојка со женствени облини.

Неодамна, Кети влегла во бутик за женска облека, и ја замолила продавачката да ѝ покаже модели од фармерки соодветни за нејзината форма на телото.

– Продавачката ме погледна чудно, ме премери од глава до пети и направи еден „кисел“ израз на лицето, па следуваше одговорот: „извини женска, овде нема ништо како за тебе!“, раскажува Кети и додава – Искрено, одговорот не ме зачуди дека нема соодветно конфекциско бројче за мене, зошто во Македонија ретко можеш да најдеш нешто убаво и да е „плус сајз“, а да не е по цена која со нашиот стандард и нашите месечни примања не можеме да си го дозволиме. Но, ме зачуди нејзината реакција. Зарем на тој начин може да се однесува една продавачка со своите муштерии, без разлика дали се слаби или крупни?!, прашува Кети.

Кети го избегнува зборот дебел/а/и, сметајќи дека е тоа многу грд збор.

-Можеби, зад секоја девојка со вишок килограми стои некоја приказна. Можеби е приказната поврзана со неправилната исхрана, но често приказните знаат да бидат поврзани, за жал, со здравствени причини. Исто како што, кога некој е преслаб, можеби боледува од анорексија. Во секој случај, секоја девојка треба да биде третирана како и сите други „нормални“ девојки. Знам, ќе речете, секој може да се потруди да има совршена линија, ама јас не би се согласила со тоа, вели Кети.

Кети Костова смета дека е време да се поразговара на оваа тема, акцентирајќи дека и девојките со вишок килограми се убави, згодни и секси на свој начин.

– Што би рекла Адел, не е до тоа кој конфекциски број носиш, туку како го носиш твојот број, завршува Кети.

The post Кети Костова: И ние девојките со вишок килограми сме убави на свој начин! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....