-3.2 C
Скопје
03:44 - 23 декември, 2024

Јапонците го најавија одложувањето на Олимписките игри

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска за прв пат најави дека неговата земја сериозно ја разгледува опцијата за одложување на Олимписките игри кои од 24 јули до 9 август требаше да се одржат во Токио, поради пандемијата на коронавирост која дека зеде речиси 15.000 човечки животи.

– Доколку одржувањето на Игрите во нивната оригинална форма не биде возможно, тогаш ќе ја разгледаме опцијата за нивно одложување. Но, откажувањето на Игрите засега не е опција – изјави Абе во јапонскиот парламент.


Премиерот им се обрати на пратениците само еден ден откако Извршниот одбор на Интернационалниот олимписки комитет на состанокот донесе одлука за „резервни сценарија“, меѓу кои се предвидува и одложување на Летните олимписки игри.

Претседателот на ИОК, Томас Бах, за оваа одлука го информирал и претседателот на Организацискиот одбор на Игрите, Јоширо Мори.

– Ние не одлочуваме за одложување на Игрите, но од денеска и таа можност мора да ја разгледуваме. Не сум луд да инсистирам Игрите да се одржат во предвидениот термин – изјави Мори на денешната прес конференција.

The post Јапонците го најавија одложувањето на Олимписките игри appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....