12.8 C
Скопје
15:20 - 22 ноември, 2024

Изборниот процес под лупа на ЕУ: Ќе обезбедат ли партиите фер натпревар?

За два дена и официјално почнува изборната кампања која ќе трае 20 дена. Дел од партиите веќе се на терен, со што покажаа дека Кодексот за фер и демократски избори кои го потпишаа минатата недела, не важи. Јавноста слушна дека потписниците на Кодексот, меѓу другото, се заложија дека во текот на кампањата ќе се залагаат и за заштитата на здравјето на граѓаните од коронавирусот.

„Ние учесниците во изборниот процес недвосмислено се обврзуваме дека ќе ги почитуваме мерките за заштита на граѓаните од Ковид 19 вирусот во секоја фаза од изборниот процес“, пишува во Кодексот за фер и демократски избори.

Симонида Кацарска од Институтот за европска политика посочува дека на земјата и се неопходни фер и демократски избори, бидејќи кредибилноста на изборите е исклучително значајна пред се’ за функционирањето на демократските институции во земјата и обезбедување на функционален систем на спреги и кочници помеѓу извршната, законодавната и судската власт.

– Од аспект на пристапувањето во ЕУ, одржувањето на изборите ќе биде следено од земјите членки на ЕУ како пример за тоа како и дали земјата е способна да обезбеди фер натпревар и поле за натпревар на различните опции. Во тој контекст, потребно е да имаме на ум и дека во нашиот преговарачки процес функционирањето на демократските институции ќе се следи од страна на Европската комисија и земјите членки на ЕУ како интегрален дел од преговорите во нововоспоставениот кластер ‘основи’ (fundamentals) што не беше случај досега – вели Кацарска.

Но, во јавноста веќе имаме изборната слика која не ветува почитување на Кодексот за фер и демократски избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и јавно најави дека ВМРО-ДПМНЕ за време на кампања ќе биде меѓу народот. Партиските активисти поделија и по некој флаер.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да се крие зад сметачките машини, позади екраните, туку ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена кои што ќе бидат дел од кампањата, и на крај со порака граѓаните да ги очекуваат – рече Мицкоски.

Денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев ги повика институциите да реагираат и да ја санкционираат ВМРО-ДПМНЕ за предвремено започнување на кампањата. Според него, ВМРО-ДПМНЕ е водена од „збунет, неодговорен и незрел политичар, опасен за државата кој не нуди ништо освен враќање на режимот“.

– Таквото однесување има во изминатите три години но и во корона кризата, а кулуминира со приближување на изборниот ден. Доказ за тоа е предвременото започнување на кампањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ чии кандидати за пратеници и активисти викендов јавно делеа партиски пропаганден материјал , што е спротивно на законите. За тоа ќе добијат соодветни пријави од институциите. Од една страна е СДСМ која ги почитува мерките и законите, од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ која не почитува закони и мерки за заштита од коронавирусот – рече Заев.

И ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со обвинувања за СДСМ. Оттаму сметаат дека на овие избори граѓаните ќе видат само насилство со бомби како што тврдат дека била фрлена врз семеен објект на партискиот потпретседател Владо Мисајловски.

– Одговорноста за бомбашкиот напад врз семејниот објект на Мисајловски е во СДСМ и тука треба да се бараат инспираторите. За нив не важат законите, туку само криминалот и насилството. Институциите мора да реагираат случајот да се разреши што поскоро и сторителот или сторителите да бидат санкционирани – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Претседателот на СДСМ, пораката дека изборите ќе бидат 100 отсто здравствено безбедни, ја испрати вчера од патниот правец Крива Паланка – Ранковце од каде најави и дека целиот Коридор 8 се реконструира.

– Очекувам голема поддршка од граѓаните за СДСМ и коалицијата „Можеме“ за да продолжиме уште повеќе и уште подобро да ја градиме и развиваме нашата убава земја – рече Заев.

Во меѓувреме, наскоро на мегдан ќе бидат презентирани и партиските програми. Од досега слушнатото и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ветуваат поголеми плати, повисок стандард, нови патишта. Но, јавноста е и сведок на т.н. црна кампања. Во игра се и случаите „Рекет“, но и „Империја“, а се слуша и по некоја нова „бомба“ и тоа се со цел од изборната трка да се дисквалификува противникот.

Дел од помалите партии, пак, неодамна изразија сомнеж дека поголемите партии ќе водат фер и демократски изборен процес. Посочија дека искуствата во минатото го покажале спротивното, односно големите партии нема да бираат начини за освојување на глас повеќе. Ги повикаа надлежните институции со внимание да го следат избориот процес и најостро да реагираат на било каков облик на прекршување на избориот процес.

The post Изборниот процес под лупа на ЕУ: Ќе обезбедат ли партиите фер натпревар? appeared first on Слободен печат.


Изборниот процес под лупа на ЕУ: Ќе обезбедат ли партиите фер натпревар? was first posted on јуни 22, 2020 at 4:01 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....