Коронавирусот ги претвора човечките клетки во зомби така што ги поттикнува да пуштаат никулци и да се шират по целото тело, открива студија на Универзитетот Калифорнија, во рамки на која научниците снимила микроскопски фотографии од целиот процес.
На сликите се гледа како заразените клетки пуштаат никулци, налик на шилци т.н. филоподии, кои се исполнети со честичкиот од вирусот, а за кои научниците веруваат дека болеста преку нив „сурфа“ до здравите клетки, во кои го вбризгува вирусниот откров, создавајќи нови „зомби клетки“.
Се до сега научниците мислеа дека вирусот на ковид-19 се пренесува како и повеќет други вируси: така што се закачува на здравата клетка, преворајќи ја во машина за умножување. Меѓутоа, кај луѓето со здрав имунолошки систем, организмот успева да се одбрани од повеќето вируси и да ги спречи да се размножат во преголем број.
https://t.co/mPuzQrmMra
The coronavirus ‘zombifies’ human cells and causes them to sprout tentacles to spread around the body, scientists have discovered. A study led by the University of California saw researchers take microscopic images of this proces… https://t.co/AUhJ2NMNct— ALTNEU.μ (@altneume) June 27, 2020
Најновото откритие наведува на заклучок дека ковид во некој момент од развојот развил резервен план за избегнување на имунолошкиот систем. Научниците велат дека ова откритие означува „неверојатен скок“ во борбата против коронавирусот и дека можеби ќе отвори врата за многу други методи за лекување.
Ниван Кроган, професор по ќелиска и молекуларна фармакологија на Универзитетот Калифорнија и раководител на студијата, за ЛА Тајмс вели:
– Многу е злокобно што вирусот користи поинакви механизми за да зарази други ќелии пред и самиот да ја убие ќелијата.
The post Истражување: Научниците открија како вирусот човечките клетки ги претвора во „зомби клетки’ appeared first on Слободен печат.
Истражување: Научниците открија како вирусот човечките клетки ги претвора во „зомби клетки’ was first posted on јули 2, 2020 at 7:22 pm.