-3.2 C
Скопје
03:54 - 23 декември, 2024

Инспекторите ќе одат дома кај докторката да и го достават решението за изолација, бидејќи не се јавува на телефон!

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат на домашна адреса денеска ќе се обидат да и го достават решението за задолжителна домашна изолација на докторката што не кажала дека свекорот е позитивен на коронавирус, дознава ,,Слободен печат” од високи извори во Инспекторатот.

На телефонот што го оставила за контакт, никој не се јавувал, па инспекторите се упатиле дома да и го врачат решението. Вчера докторката на свое барање со изјава ја напуштила Инфективната клиника. На Инфективната клиника, како што констатирал ДСЗИ, во вонредниот инспекциски надзор, таа дала податок дека имала одредени симптоми, како болка во грлото на пример, и дека за тоа примала одредена терапија.

Но, како што претходно за ,,Слободен печат” информираше директорката на Државната Гинеколошко акушерска клиника (ГАК), доктор Викторија Јовановска, овие податоци за симптомите, докторката кога влегла како пациентка на ГАК, ноќта меѓу 6 и 7 јуни, воопшто не ги дала. Напротив, според тврдења на персоналот во ГАК, таа потпишала изјава под полна морална и кривична одговорност, дека симптоми нема и дека немала контакт со никој што има симптоми на респираторна инфекција или на ковид. Поради тоа и била сместена на одделение каде што се третираат родилки што се здрави, односно во соба била со уште две жени кои ќе се тестираат за коронавирус следната недела.

Кога на клиниката се расчуло, сосема случајно, преку конекции на болничкиот персонал дека таа во фамилијата има позитивен случај на Ковид 19, лекарите ја симнале на долниот спрат, на одделението за изолација и тогаш лекарката не сакала да остане во болницата. На своја одговорност потпишала дека ја напушта клиниката и отишла во приватна клиника да се породи со царски рез.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за ,,Слободен печат” тврдат дека наодите од извршениот вонреден инспекциски надзор на ГАК и во Ремедика, покажал дека пациентката била примена на ГАК на 6 јуни во 23 часот и 30 минути вечерта. Кога била примена, медицинскиот тим на ГАК ги испочитувал сите протоколи.

-Од страна на пациентката, а според изјави кои ги добивме од присутниот медицински тим, потпишана била изјава со која под полна морална и кривична одговорност, пациентката потврдува дека немала контакт со лице со респираторни симптоми, ниту таа има било какви симптоми. По добиена информација дека член од фамилија на пациентката е позитивен на Ковид 19, истата е информирана од страна на дежурната екипа дека ќе биде сместена во соба за изолација, при што истата со изјава ја напушта клиниката. При увидот во досието констатирано е дека недостасува гореспоменатата изјава. Во тек е постапка која ја води друга институција, изјави за ,,Слободен печат” доктор Иринка Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ.

Во однос на користење на лична заштитна опрема и почитување на протоколите од медицинскиот кадар во двете болници, ДСЗИ нема забелешки. Според наодите од извршениот надзор, пациентката во Ремедика била примена на 8 јуни, во состојба на почнато раѓање. Во Ремедика, таа кажала дека имала контакт со лице со респираторни симптоми.

Медицинскиот тим работел по пропишаните протоколи за лична заштитна опрема. По добивањето на позитивниот резултат пациентката е изолирана и со неа се постапува по веќе пропишаните протоколи. По епидемиолошката анкета направена од Центарот за јавно здравје Скопје, четири медицински лица од Ремедика се проценети со среден ризик. Пациентката со итна медицинска помош е пренесена на клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби.

Бидејќи предметот е преземен од друга институција ДСЗИ нема ингеренции во понатамошната постапка.

На ГАК вчера било пријавено во полиција дека изјавата е украдена од медицинското досие на родилката. Во просториите каде што се чуваат овие документи, сигурно е дека влегол некој што имал картичка, зашто била обезбедена со систем со кој морало да се откуца влезот и излезот. Се очекува во текот на денешниот ден да дојдат обвинители и полицајци. Симнат е материјалот од видео камерите кои треба да откријат кој точно, влегувал и излегувал од оваа просторија во деновите што се предмет на интерес на истрагата.

Директорката на ГАК Викторија Јовановска вчера рече дека документот е украден и дека револтот кај медицинскиот кадар вработен на ГАК е голем, бидејќи наместо да се занимаваат со пациентите, тие се занимаваат со истрагата и со давање изјави еден по еден на надлежните органи.

The post Инспекторите ќе одат дома кај докторката да и го достават решението за изолација, бидејќи не се јавува на телефон! appeared first on Слободен печат.


Инспекторите ќе одат дома кај докторката да и го достават решението за изолација, бидејќи не се јавува на телефон! was first posted on јуни 12, 2020 at 12:05 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....