12.8 C
Скопје
19:49 - 16 мај, 2024

Петрески: Без мерките на Владата, бројот на невработени би пораснал за плус 70.000 (ВИДЕО)

Како и насекаде низ светот, Ковид-19 предизвика економска криза во Северна Македонија. Во еден дел, здравствениот одговор на кризата предизвика индуцирана контракција, бидејќи економските субјекти како кафулиња, барови, ресторани и трговски центри мораше да затворат.

Во друг дел, ограничувањето на движењето ја намали економската активност, најмногу во секторите трговија, угостителство и транспорт.

Како одговор, Владата на Северна Македонија дизајнираше и спроведе мерка за финансиска поддршка на претпријатијата во износ до 14.500 денари месечно по работник, за април и мај 2020, за претпријатија кои во овие месеци искусиле пад на прометот поголем од 30% во однос на просекот од 2019, и со очекување дека со неа ќе се опфатат 250.000 работници, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ М-р Благица Петрески, главен економист и извршен директор на Finance Think.

Поради околностите сврзани со пандемијата Петрески од Finance Think препорачува Владата на Северна Македонија да го продолжи важењето на овие мерки и за јуни 2020.

Според Петрески, фискалниот трошок на државата се проценува на 93,2 милиони евра за оваа мерка. Од овој износ, 5,9 милиони евра месечно, односно 11.8 милиони за двата месеца отпаѓаат на најпогодените сектори во транспортот и угостителството, со покривање од околу 22 илјади работници. Дополнителни 810 илјади евра изнесува финансискиот трошок за мерката за субвенционирање на половина од придонесите во транспортот и угостителството.

Симулацијата покажува дека околу 32 илјади работни места во најпогодените сектори и околу 43 илјади работни места во високопогодените сектори биле под ризик да бидат уништени. Вкупниот износ на работни места кои би биле изгубени поради кризата се проценува на 75 илјади што претставува 9.2 проценти од вкупните вработени во државата.

Резултатите покажуваат дека без финансиска поддршка на претпријатијата за задржување на работните места, стапката на невработеност би изнесувала 23,9 проценти.

 

The post Петрески: Без мерките на Владата, бројот на невработени би пораснал за плус 70.000 (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Петрески: Без мерките на Владата, бројот на невработени би пораснал за плус 70.000 (ВИДЕО) was first posted on јуни 12, 2020 at 10:17 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....