17.8 C
Скопје
12:40 - 3 мај, 2024

ИНФОГРАФИК: Главната битка на овие избори ќе се води во кецот и петката, а лидерски мегдан ќе гледаме во шестката

До Државната изборна комисија до синоќа на полноќ кандидатски листи доставиле 15 коалиции и партии, најмногу од нив имаат доставено кандидатски листи за сите шест изборни единици, додека неколку и за гласањето во дијаспората.

Кандидатски листи за шесте изборни единици и за дијаспората доставиле коалицијата „Никогаш северна, секогаш Македонија”, ДУИ, Коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија”, политичката партија ИНТЕГРА и партијата Демократи.

За шесте изборни единици во земјава кандидатски листи до ДИК доставиле коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија.

На овие избори лидерска битка во македонскиот политички блок нема да има, бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одлучи да биде шпицен кандидат, односно да не се кандидира за пратеник и да не биде носител на листа. Па така, ривал на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во четвртата изборна единица ќе му биде Александар Николовски. Битката за Скопје ќе ја водат министерот за надворешни работи Никола Димитров од СДСМ и професорката Гордана Сиљановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Димитров како свој најголем успех си ги препишува Договорот за добрососедтсво со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција. Овие договори, пак, често беа мета на критика на професорката Сиљановска.

Битката во петката ќе се води меѓу Радмила Шекеринска од СДСМ и Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ. Аналитичарите најчесто знаат да речат, победникот во петката го одредува и победникот на изборите, така што и на овие избори се очекува вниманието главно да биде насочено кон овие два кандидати.

Најголемата лидерска битка на овие избори ќе се води во шестата изборна единица и тоа во албанскиот политички блок. Тука на мегдан ќе излезат лидерите на ДУИ, Алијанса, ДПА и БЕСА, Али Ахмети, Зијадин Села, Мендух Тачи и Билал Касами. Касами овојпат ќе ја води битката за СДСМ и коалицијата. Друштво ќе им прави и една дама, Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Албанските партии и на овие избори немаат свои кандидати во четвртата изборна единица.

Погледнете ги носителите на листи на поголемите политички партии по изборни единици:

 

 

The post ИНФОГРАФИК: Главната битка на овие избори ќе се води во кецот и петката, а лидерски мегдан ќе гледаме во шестката appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....