10.8 C
Скопје
23:33 - 5 мај, 2024

И се заканувал на новинарка од БиХ дека ќе ја убие, полицијата и рекла „Дојди за два дена“

Новинарката и уредничката на босанскиот портар eTrafika.net, Вања Стокиќ, објавила фотографија со двајца мигранти, поради што државјанинот на БиХ, Горан Живановиќ на Фејсбук и напишал заканувачка порака. Кога заканата била пријавена во полиција од таму и било сугерирано да се врати за два дена, објави Index.hr.

– Го*на на грб ни ставате. Избркајте ги од државава. Утре да го видам на мојот имот како шета низ старата шума…на сите би им ги одсекол главите, но и на вам душебрижници што ги дочекувате тие паравоени го*на – напишал Живановиќ.

Стокиќ заканата ја сфатила сериозно и во петокот за се ја известила полицијата. Но, кога пристигнала таму дежурната полицајка и рекла да дојде до понеделник. Веста потоа Стокиќ ја објавилана порталот eTrafika.net, а Живановиќ продолжил да ја вознемирува новинарката на социјалните мрежи.

– Пишуваше дека никој не е доволно голем маж како он, а ги повтори и смртните закани. И неговите поворни јавувања, но и ужасниот однос на полицијата многу ме вознемири. Целиот ден го минав во страв, посебно откако мои пријатели ми кажаа дека таа личност живее во моја непосредна близина. Дури ми го испрати и неговиот број на телефон со порака дека можам слободно да им го дадам на полицајците за да можат полесно да го најдат – изјавила Стокиќ.

Сепак, во вчера ја побарале од полицијата и ја замолиле да дојде да даде изјава, притоа известувајќи ја дека Живановиќ е веќе приведен.

За овој случај се огласи и Здружението на новинари на БиХ, кое ја осоди постапката на полицијата и побара итно решавање на случајот.

The post И се заканувал на новинарка од БиХ дека ќе ја убие, полицијата и рекла „Дојди за два дена“ appeared first on Слободен печат.


И се заканувал на новинарка од БиХ дека ќе ја убие, полицијата и рекла „Дојди за два дена“ was first posted on мај 25, 2020 at 12:12 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....