0.8 C
Скопје
22:57 - 18 декември, 2024

Градското зеленило секое лето исушено, иако скопјани плаќаат за наводнување секој месец

Во изминатите три месеци скопјани добиваат сметки за вода во кои покрај потрошената вода се тарифира и одржување градско зеленило, но и собирање и одведување урбани отпадни води, како и прочистување отпадни води. Ова предизвика реакција на граѓаните по социјалните мрежи, кои обвинуваат дека сега, и покрај тврдењата на градоначалникот Петре Шилегов, сметките што пристигнуваат од јавното претпријатие се значително повисоки.

Шилегов негираше дека е зголемена цената на водата. Како што изјави по првите реакции, структурата на цената на сметката за водата е иста, само што сега граѓаните првпат можат да видат дека на сметката се плаќа и одржување на градското зеленило.

– Значи водата не е поскапена, само во сметката сега првпат е видливо како ставка и финансирањето на „Паркови и зеленило“ – рече тогаш Шилегов.

Од Град Скопје не одговараат за она што, според нив, сега е видливо, а се плаќало отсекогаш – одржувањето на јавното зеленило. За ова потрошувачите, значи и домаќинствата и фирмите издвојуваат 19,5 отсто од износот на тарифата за снабдување со вода за пиење и тарифата за собирање и одведување урбани отпадни води. Колкава е таа сума на месечно ниво, исто така нема одговор од Градот. Одговор нема ни за тоа зошто се дозволи минатото лето јавните зелени површини да се исушат и дали ќе има некакви санкции за ЈП „Паркови и зеленило“ доколку тоа се повтори, затоа што граѓаните секој месец, без оглед на временските услови, издвојуваат пари за оваа намена. Досега без да знаат, а веќе три месеци и како посебна ставка на сметките.

Колку за потсетување, Град Скопје секоја година ги субвенционира јавните претпријатија, меѓу нив и ЈП „Паркови и зеленило“. Субвенциите се од градскиот буџет, кој исто така се полни од граѓаните.

Заклучно со октомври на сметките од „Водовод и канализација“ беа прикажани само ставките за потрошената вода и за ѓубрарина, а со ноемвриските сметки има прикажано уште три нови тарифирања. Деновиве реагираше Унијата на потрошувачи од каде што побараа објаснување за тоа што значи ставката за собирање и одведување урбани отпадни води, но се спротивставија и на давачката за одржување на јавното зеленило.

Од ЈП „Водовод и канализација“ потсетуваат дека согласно со законските измени, цената на услугите што ги дава претпријатието ги утврдува Регулаторна комисија. Од 1 јануари годинава важечките тарифи за вода за пиење се 18,50 денари за потрошен кубик за домаќинствата, односно 49,50 за фирмите, за собирање и одведување урбани отпадни води домаќинствата издвојуваат по 10,85 денари за кубик, а фирмите по 16,6 денари, а најмала е цената за прочистување отпадни води за која сите плаќаат по 0,86 денари.

Од претпријатието објаснуваат што значи тарифирањето, кое дополнително ги збунува граѓаните.

– Снабдување со вода за пиење – оваа ставка се фактурира кај корисниците кои се приклучени на системот за водоснабдување и ја користат истата услуга, односно по стариот начин на фактурирање ова е услугата за вода. Собирање и одведување урбани отпадни води – оваа ставка се фактурира кај корисниците кои се приклучени на фекалниот канализациски систем, односно по стариот начин на фактурирање, ова е услугата за канализација – велат од јавното претпријатие.

The post Градското зеленило секое лето исушено, иако скопјани плаќаат за наводнување секој месец appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....