Германците се многу прецизни во своите статистики, па според последната табела на Институтот Робер Кох, кој врз основа на своите анализи дава препорки за германските власти за справувањето и мерките против ковид-19 во земјата, од Македонија во последните 4 недели во Германија пристигнале 161 заразено лице.
На табелата објавена минатата недела која се однесува на 29. до 32 седмица од годинава, Македонија исто така беше на 10. место, но со „извезени“ 92 случаи на ковид-19 во Германија.
Најновите извештаи на Институтот Роберт Кох (ИРК) наведуваат дека во последните 4 недели, односно од 30 до 33. недела од годинава, во Германија се откриени вкупно 15.952 лица заразени од коронавирус.
Од тој број, ИРК, користејќи го терминот „земја со веројатен извор на зараза“ Косово и Турција се сметаат како најголеми извори на зараза со вирусот САРС-Ков-2, за трета е Хрватска.
Во табелата приложена кон извештајот се гледа дека на Германија отпаѓаат 9.519 случаи на зараза, на Косово 1.755, на Турција 1.134. а за Хрватсла стои дека од неа во Германија вирусот пристигнал предку 786 лица.
Следува Бугарија со 322 случаи, БиХ со 297, Шпанија со 222, Србија со 211, Романија со 193, Полска со 163, Македонија со 161, Албанија со 151 итн.
Се укинуваат летовите од Скопје за Турку, заради извозот на корона?!
РКИ во Извештајот истакнува дека лицата кои доаѓаат во Германија од „ризичните подрачја“ меѓу кои спаѓа и Македонија мора да помина 14-дневен карантин се до истекот на рокот или додека не приложат негативен тест на ковид-19.
The post Германците објавија колку заразени од ковид-19 им дојдоа од Македонија appeared first on Слободен печат.
Германците објавија колку заразени од ковид-19 им дојдоа од Македонија was first posted on август 19, 2020 at 6:55 pm.