6.8 C
Скопје
12:07 - 22 декември, 2024

ФОТО: Комеморација за патријархот Иринеј во храмот Свети Сава, верници го бакнуваат стаклото

Во Храмот „Свети Сава” во Белград започна комеморацијата за покојниот српски патријарх Иринеј.

Ковчегот со телото на патријархот Иринеј беше пренесен од Соборниот храм во црквата „Свети Сава” на Врачар од страна на припадници на Српската армиска гарда и архиереите на Српската православна црква.

Телото на починатиот патријарх изложено со отворен ковчег но под стакло/ Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Пренесување во Храмот беше пропратено со колона возила, но без придружба на граѓани поради епидемиолошките мерки.

Во Храмот ковчегот беше пречекан од свештенството на белградско-карловачката Архиепископија.

Изложено телото на патријархот Иринеј во храмот Свети Сава во Белград/ Фото:EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

По комеморацијата, верниците ќе можат да му оддадат почит на поглаварот на Српската православна црква, а во текот на денот и ноќта белградските свештеници ќе го читаат Светото евангелие.

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Во согласност со препораките на Кризниот штаб и сите епидемиолошки мерки, нема да биде можно да се бакнува телото на патријархот. Ковчегот е целосно затворен, а горниот дел е покриен со стакло.

Верниците никој не ги спречува да го бакнуваат стаклото/ Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Граѓаните ќе можат да влезат на западната страна на храмот на централниот влез и да дојдат на неколку метри од телото, да се поклонат и да излезат.

Српската почесна гарда го внесе ковчегот со упокоениот патријарх во храмот Свети Сава/ Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Литургијата за упокојување започнува утре во 9 часот и ќе се одржи во централниот дел на храмот каде што ќе биде изложено телото на патријархот.

Патријархот Иринеј ќе биде погребан утре во криптата на црквата „Свети Сава” по литургијата. 

Веста е преземена од slobodenpecat.mk со претходна дозвола од порталот.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....