5.8 C
Скопје
23:37 - 28 ноември, 2024

„Фолксваген” ќе исплати оштета на работници кои биле апсени и мачени во нивна фабрика во Бразил

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген” (ВВ) соопшти дека ќе им исплати отштета од  6,4 милиони американски долари  на поранешните работници во една бразилска фабрика кои ја тужеа компанијата за соработката со војската на оваа земја за време на диктатурата од 1964-1985 година.

Работниците и нивните семејства пред пет години поднесоа тужби против производителот на автомобили за кршење на човековите права, пренесува Бета.

Како што беше утврдено во 2016 година, агентите на ВВ давале имиња на вработени за време на полицискиот прогон на луѓе кои биле обележани како „субверзивни”, а кои подоцна биле уапсени и измачувани.

-Жал ни е за насилството што се случило во минатото. За „Фолксваген” е важно одговорно да се справи со ова негативно поглавје од историјата на Бразил и да промовира транспарентност, изјави извршниот директор на ВВ, Хилтруд Вернер.

Во договорот на ВВ со бразилските обвинители, потпишан вчера, се наведени и донации за проекти, вклучително и спомен-обележје за жртвите на диктатурата, соопшти компанијата.

Дванаесет поранешни работници во 2016 година изјавија дека биле уапсени и мачени во огромната фабрика на „Фолксваген” во Самп Бернардо до Кампу, во близина на Сао Паоло, додека други биле отпуштени и ставени на црната листа.

Многумина со години потоа не можеле да најдат работа, откри истрагата од 2014 година на британските новинари.

The post „Фолксваген” ќе исплати оштета на работници кои биле апсени и мачени во нивна фабрика во Бразил appeared first on Слободен печат.


„Фолксваген” ќе исплати оштета на работници кои биле апсени и мачени во нивна фабрика во Бразил was first posted on септември 25, 2020 at 9:25 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....