20:18 - 18 април, 2024

Кој е виновен за заканата број 1: САД, Русија и Кина се обвинуват за пандемијата

На состанокот на Советот за безбедност на ОН, Кина, САД и Русија меѓусебно се обвинија дека ја политизирале пандемијата на коронавирусот и дека лошо одговориле на неа.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ја истакна важноста на мултилатерализмот на ОН и посочи на некои земји, како што се САД, одлучија да ја отфрлат идејата вакцината за коронавирусот да стане глобално јавно добро достапно за луѓето ширум светот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека пандемијата и заедничката катастрофа што ја предизвика не ги намалија разликите меѓу земјите, туку, напротив, ги потикнаа, пренесоа американските медиуми.

Американската амбасадорка во ОН, Кели Крафт, пак, изјави дека некои претставници „ја трошат оваа можност за политички цели”.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека светот не успеа да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19 и дека се плаши од најлошото доколку неговиот одговор на климатската криза биде подеднакво лош.

Гутереш пред Советот за безбедност на ОН изјави дека коронавирусот во моментов е закана број еден во светот.

Тој за неуспехот на меѓународната заедница ги обвини недостаток на глобална подготвеност, соработка и солидарност.

Генералниот секретар на ОН повика на глобална соработка меѓу народите, светските и регионалните организации, меѓународните финансиски институции, синдикатите и другите актери.

-Немаме друг избор, предупреди Гутереш. Или ќе се обединиме во рамките на глобалните институции што одговараат на целта, или ќе бидеме скрешени со поделби и хаос, рече тој на СБ на ОН. 

The post Кој е виновен за заканата број 1: САД, Русија и Кина се обвинуват за пандемијата appeared first on Слободен печат.


Кој е виновен за заканата број 1: САД, Русија и Кина се обвинуват за пандемијата was first posted on септември 25, 2020 at 9:55 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....