23:12 - 7 ноември, 2026

Неутешен по големата загуба: Срцепарателна приказна од Спасен Силјановски за татко му

Спасен Силјановски е неутешен по загубата на неговиот татко кој почина на 15 март оваа година.

Фолк пејачот објави нова слика со својот татко и ја сподели приказната од непознат автор која често кружи на социјалните мрежи, а зборува за љубовта помеѓу таткото и синот.

„Сине мој, не можам да те заштитам од сè, но можам да те научам како да стоиш цврсто кога е тешко. Биди чесен, дури и кога никој не гледа. Карактерот е тоа што останува кога ќе исчезнат аплаузите.
Не бегај од грешките, прифати ги. Поправи што можеш и продолжи понатаму. Така се расте. Кога сакаш – сакај до крај. Кога ветуваш – исполни. Зборот на човекот вреди повеќе од сè. Никогаш не гази по послабите за да изгледаш посилен.
Силата се гледа во начинот на кој се однесуваш кон другите. Запомни, не мораш никому да се докажуваш. Доволен си таков каков што си. Еден ден кога ќе бидеш подобар човек од мене,
ќе знам дека сум направил сè како што треба. Те сака тато“, сподели фолк-пејачот.
Кога го загуби татка си пејачот скршен од болка напиша: „Денес Бог ми го зеде најдобриот другар . Човекот кој што ме научи сѐ во животот. Човекот кој пред сѐ ме научи што значи Чест, Морал и Достоинство. ТАТИЧКО, не знам дали уште еднаш ќе можам да запеам песна како што тоа го правевме заедно. Ќе ми фали твојот глас, твојата поддршка, твојата љубов. Почивај во мир“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....