2.8 C
Скопје
17:32 - 25 ноември, 2024

Филипче: Ние имаме врвни експерти, СЗО ги упатува околните држави на консултации со нив

Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Само интервју” на телевизијата „Канал 5″ рече дека од почетокот на епидемијата во нашата држава имало доволно тестирања. Тој потенцира дека секоја држава има различен пристап на тестирање и затоа бројката не може да се споредува. Министерот рече дека со интензивното тестирање кои се одвива деновиве целта е да се откријат асимптоматските случаи.

– На почетокот ги тестиравме позитивните симптоматични пациенти. Тие беа тестирани во болница или врз основа на алгоритмот кај матичните лекари. Стратегијата се надгради со скринингот. Во градинките почнавме скрининг. Сега за време на овој бран, ги тестираме оние контакти кои се од висок ризик и имале физички контакт со заболеното лице. Од почеток на пандемијата немавме недостаток на тестови. Лабораторијата во одделот вирологија при Институтот за јавно здравје беше целосно опремена уште на почетокот на епидемијата Таа е акредитирана по стандарди на Светската здравствена организација (СЗО). Во неа работат врвни експерти. Нашата експертиза, во смисла на консултација, ја користат и околните држави, истакна Филипче.

Министерот потенцира дека нашите експерти се признати од СЗО и нивните колеги од околните земји ги упатуваат  да се консултираат од нашите виролози.

На забелешката дека Србија има 37.000 тестирања на милион жители, а Македонија 27.000, министерот рече дека треба да се знае и по која индикација се тестирањата.

– Не може да споредуваме ако знаеме дека една земја тестира лица само ако имаат симптоми, а друга која до бројката стигнува ако ги тестира и контактите. Не е само бројката, суштинска е индикацијата поради која се тестира. Не сакам да коментирам ничија стратегија. Секоја држава си има свој пристап. Има најави дека Србија ќе ја смени стратегијата. Овој пристап кој ние го имаме е поддржан од СЗО. Ги идентификува дури најмалку сомнителните случаи и е многу коректен. Оваа политика не оди во корист на Министерството за здравство, во смисла како се презентира, и можеби некој толкува дека не е соодветна и покажува неуспех. Но, апсолутни оди во корист на јавното здравје, оти вакво интензивно тестирање ги заштитува сите луѓе кои можеби биле или ќе бидат во контакт со асимптоматски случаи, а кои ние сега ги откриваме, изјави министерот Венко Филипче.

The post Филипче: Ние имаме врвни експерти, СЗО ги упатува околните држави на консултации со нив appeared first on Слободен печат.


Филипче: Ние имаме врвни експерти, СЗО ги упатува околните држави на консултации со нив was first posted on јуни 19, 2020 at 8:20 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....