11:05 - 16 ноември, 2026

15 минути разговор: Дали би платиле за онлајн состанок со Кијану Ривс?

Актерот Кијану Ривс ќе има видеоразговор преку апликацијата „Зум“, со обожавателот што ќе понуди најмногу пари за „Кем рејнбоу голд“ – хуманитарна организација за деца заболени од рак.

„Го познавате. Го обожавате. Ова е навистина непроценлива можност да разговарате со него од дома“, се вели во описот. Наддавањето се затвора в понеделник, а датумот за разговор со Ривс е планиран за почетокот на јули.

Онлајн средбата со Кијану е со почетна цена од 9.800 долари.

Највисоката виртуелна понуда за овој видеоразговор досега достигна над 16.000 долари.

Предвидено е разговорот со холивудската ѕвезда да трае 15 минути, со веќе подготвени прашања.

Сиот приход од овие „15 минути слава со Кијану Ривс“ ќе ѝ биде директно уплатен на организацијата со седиште во Атланта.

Слични објави

„Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Пожарот зафатил и друго возило, полицијата пред нивниот дом

Еспресо

(Фото) Вистинска дама — Ирена Спировска блесна во маслинесто-златна тоалета со кристали на „Фолк фест Роса“

К.С.

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо
Се вчитува....