12.8 C
Скопје
23:19 - 14 мај, 2024

Еве под кои режими македонските државјани ќе може да патуваат во странство

На веб страницата на Министерството за надворешни работи се достапни режими на движење и правила за транзит на државјани на Република Северна Македонија во други земји, во контекст на пандемијата со Ковид 19.

ГРЦИЈА

МНР на Грција на својата веб-страница објави ажурирани податоци за начинот на отворање на граничните премини на Грција и можностите за влез на странци во земјата во следниот период.

Имено, согласно новите одлуки на Владата на Грција и соодветните здравствени протоколи на надлежните институции, МНР на Грција го објави следниот режим за патување на странски и грчки државјани:

15 јуни до 30 јуни:

Режимот на патување е усогласен со комуникацијата/насоките на ЕК во врска со забраната за несуштинско патување од земји што не се членки на ЕУ + Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд (ЕУ+).

1. Пристигнување по воздушен пат:

Дозволени се меѓународни летови до аеродромите во Атина и Солун (продолжена е забраната за летови од Велика Британија и Турција).

1а) Пристигнувања на аеродромот во Атина: Ако патниците потекнуваат од аеродром ЕУ+ на списокот со засегнати држави на ЕАСА https://www.easa.europa.eu/SD-2020-01/Airports#group-easa-downloads или од Италија, Шпанија, Холандија, Шведска, Албанија и Северна Македонија, тогаш ќе бидат тестирани по пристигнувањето. Задолжително е ноќевање во хотел или хотел/резиденција по избор (во Атина). Ако тестот е негативен, тогаш посетителот е слободен да продолжи до крајната дестинација. Доколку тестот е позитивен, посетителот се става под карантин под надзор во траење од 14 дена.

Ако патувањето потекнува од други аеродроми, тогаш патниците при пристигнувањето подлежат на тест по случаен избор. После тестирањето, посетителот е слободен да продолжи до крајната дестинација. Доколку тестот е позитивен, посетителот е ставен под карантин под надзор 14 дена.

1б) Пристигнувања до аеродромот во Солун: Сите посетители ќе бидат тестирани по пристигнувањето. Задолжително е ноќевање во назначен хотел или хотел / резиденција по избор (во Солун).

2. Пристигнување по копнен пат

Копнената граница со Турција, Албанија и Северна Македонија е отворена само за транспорт на стоки.

Исклучоци се лицата кои имаат регулиран престој во Грција, лица кои патуваат поради апсолутно неодложни деловни причини (со приложување соодветни документи како доказ), дипломати, итни хуманитарни патувања поради лекување, медицински персонал, возачи на камиони за транспорт на стоки и сл.

3. Пристигнување по морски пат:

Забрана за пристигнување на бродовите од странство до грчките пристаништа.

Пристигнувањето јахти за одмор е дозволено само со екипаж (пристигнување јахти кои доаѓаат од Албанија и Турција не е дозволено).

Од 1 јули понатаму:

1. Пристигнување по воздушен пат:

Дозволени се меѓународни летови на сите аеродроми во Грција.

Можно е да се применат дополнителни ограничувања за несуштинско патување од земји што не се на ЕУ+, согласно насоките од Европската Унија.

2. Пристигнување по копнен пат:

Дозволени се пристигнувања на копнените граници од Албанија, Северна Македонија и Бугарија. Преоценка во однос на Турција до 30 јуни.

3. Пристигнување по морски пат:

Дозволени се пристигнувања преку море.

Сите посетители од воздух, копно или море, по пристигнувањето, ќе бидат подложени на тестирање по случаен избор. Откако ќе се тестира, патникот е слободен да продолжи до крајната дестинација. Во случај на позитивен резултат, ќе биде контактиран и ставен на 14-дневен карантин, а трошоците ги покрива грчката држава.

Се наведува дека врз основа на проценка ќе бидат признавани и резултати од молекуларен тест (направен во последните 72 часа пред патувањето)

На сите посетители им се препорачува да ја преземат апликацијата Visit Greece app (GDPR compliant) бесплатно пред или по пристигнувањето во Грција.

Посетителите треба да пополнат (препорачливо пред патувањето) формулар за „фактор за лоцирање на патници” (Passenger Locator Factor form (PLF) со нивните детали за контакт во Грција. Овој формулар може да се најде и во апликацијата Visit Greece, како и во хартиена форма за време на летот.

КОСОВО

Министерството за внатрешни работи на Република Косово има донесено Одлука каде информираат за следното: сите странски државјани кои имаат регулиран престој во Р.Косово, но им е истечен или истекува валидноста на истата и не се во можноста да ја продолжат, поради настанатата ситуација со корона вирусот COVID 19,им се продолжува рокот на важност до истекот на оваа одлука.

МАЛТА

Малта известува дека сите македонски државјани кои поседуваат биометриски пасоши се изземени од потребата од виза во времетраење до 90 дена. Во случаи кога се очекува пречекорување на периодот од 90 дена како резултат на актуелната ситуација  со COVID 19,   потребно е  да се контактира Центарот за визи при Агенцијата за идентитет на Малта (Identity Malta Agency) на следниот е-маил: [email protected]

Истото важи и за лица кои имаат шенген виза поради тоа што не поседуваат биометриски пасош. Во случаи кога  македонските државјани имаат дозвола за престој во Малта или еквивалент што ќе истече, од нив се бара да се обратат до својот работодавец и истиот да ја контактира Единицата за иселеници при Агенцијата за идентитет Малта (Identity Malta Agency) преку е-маил на:  [email protected]

СРБИЈА

Србија известува дека странските државјани кои на денот на стапување на одлуката за вонредна состојба законски престојувале во Србија, можат да останат во Србија додека трае вонредната состојба, без обврска за покренување постапка за утврдување на нивниот статус.

Покрај тоа, информираат дека на сите државјани на Србија на кои им истекува или истекол рокот на важност на личните документи, ќе се сметаат за важечки се’ додека е на сила одлуката за воведување вонредна состојба.

АЛБАНИЈА

Сите македонски државјани и странски државјани кои се затекнати на територијата на РА, за продолжување или регулирање на престој (вклучувајки и поднесување на нови барања) можат да се поднесат  со електронско барање преку линкот https://e-albania.al/.

Воедно, информираме дека сите странски државјани пред истекот на престојот треба да го пријават нивното евентуално пречекорување на наведениот линк. барањето/одобрението се смета дека е валидно со добивање одговор дека истото е примено од страна на надлежните органи (при самото притискање на иконата за поднеси барање). Потребните документи се исти како и за редовно поднесено барање за регулирање престој/продолжување на престој.

ШВЕДСКА

Во врска со прашањето за регулирање на престојот на нашите затекнати граѓани во Шведска, според Шведската агенција за миграција, која е одговорна агенција за овие прашања, поединци кои можат да докажат дека не се во можност да ја напуштат Шведска (на пример, откажани летови) можат, по поднесувањето на апликација, да добијат продолжување на визата, под услов вкупната должина на престојот во Шенгенскиот регион да не надмине 90 дена. Ако престојот во Шенген надмине 90 дена, мора да се поднесе барање за дозвола за посетител. Пријавата за продолжување на престојот во Шведска треба да се поднесе пред истекот на тековниот дозволен престој.

ИТАЛИЈА

Со Новата уредба која е во сила од 15.06.2020  донесена од  страна на  Претседателот на Советот на министри Конте, се однесува на  мерките за ограничување на движење поради  СОВИД-19.

Што се однесува до патувањето до и од странство, особено во земјите што не се членки на ЕУ, како Република Северна Македонија, суштински сè останува НЕПРОМЕНЕТО ДО 30 ЈУНИ, освен минимални поедноставувања (освен за дипломатите карантин не се применува и за припадниците на армијата кои се на мисија во Италија).

Се  потенцира дека до 30 јуни 2020 година,  важи забраната за  патување до и од земји кои не се членки на ЕУ  освен за:

неодложни  работни потреби; итни случаи; или здравствени причини

Секој кој ќе се најде се во една од овие ситуации,  да се врати во Италија, ќе мора да даде изјава, ќе подлежи на периодот на здравствено надгледување од ASL Azienda Sanitaria Locale и само изолација (карантин) во неговиот дом.

Лицето треба да даде адреса каде ќе престојува, како и начинот на патувања до местото на престој.

Новата Уредба со законска сила,  исто така,  го продолжува времетраењето на кратки посети во Италија и кратки мисии во странство без карантин до 120 часа (претходно беше 72 часа, може да се ПРОШИРИ НА 120 ЧАСА од посебни причини).

Доколку имате потреба за повеќе дополнителни информации (прашања -одговори) како и модулите за потполнување можат да се најдат на  веб страницата на МНР на Република Италија со посебен осврт одредбите од чл.4, во врска со влегувањето во Италија и чл.5, во врска со транзити на национална територија) и FAQ Frequently Asked Questions објавени на веб- страницата на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка, достапни тука.

ГЕРМАНИЈА

ОПЦИЈА 1 (државјани кои мораат да имаат виза при преминување на надворешната граница):

Државјаните на трети земји чија национална виза (Д виза) или друга дозвола за престој истекува треба да поднесат барање за продолжување на дозволата за престој до соодветната канцеларија за имиграција пред истекот на времетраењето. Поради моменталната состојба, апликацијата може да се направи преку е-пошта. Мора да бидат наведени целосните лични детали (презиме, родено презиме, име, правопис на имињата според германскиот закон, датум на раѓање, место и област на раѓање, пол, националност, број на пасош), типот на статусот/визата/дозволата и кој било архивски број од датотеката од канцеларијата за имиграција. Веќе со апликацијата, претходниот статус сè уште важи до решението на Канцеларијата за имиграција. Со цел можни контролни ситуации, препорачливо е да ја отпечатите апликацијата за продолжување или да ја држите во друга форма, покрај тековниот/истечениот документ  и вашиот личен пасош / лична карта.

За продолжување на шенгенските визи (Ц визи) генерално е потребно лично интервју со засегнатото лице. За да се поедностави постапката, на носителите на шенгенските визи (Ц визи) сега им се дава можност да испратат е-пошта до канцеларијата за имиграција, во која се наведуваат нивните лични детали (презиме, родено презиме, име, правопис на имињата според германскиот закон, датум на раѓање, место и област на раѓање, пол, националност, и број на пасош) за да побараат продолжување на периодот на поаѓање. Од имиграциските власти е побарано да бидат пофлексибилни при продолжување на периодот на заминување и за тоа формално писмено да го известат подносителот на барањето.

Со цел можни контролни ситуации во Германија или при напуштање на земјата, ова известување треба да се носи покрај пасошот и визата.

Со цел да се земат предвид тековните тешкотии при патувањето дома, Федералното Министерство за внатрешни работи, за градежништво и татковина, го испитува и донесувањето на законска регулатива во врска со имателите на шенген-визите што наскоро ќе истечат или штотуку истекле, со која во еден ограничен период по истекот на визата треба да бидат ослободени од обврската да поседуваат дозволи за престој.

Во моментов не е можно да се предвиди дали и кога оваа уредба ќе стапи во сила. Дотогаш, се препорачува да се постапува како што е опишано погоре во случај на истек на Шенген визата ако излезот е во моментот невозможен.

ОПЦИЈА 2 (државјани кои се ослободени од барањето за виза при преминување на надворешните граници):

Граѓаните на кои им е дозволено да влезат и да останат во шенген-зоната 90 дена во рок од 180 дена без виза, мора да се вратат во нивната земја на потекло по крајниот рок.

Доколку тоа не е можно заради тековните околности, тие луѓе треба да се јават во канцеларијата за имиграција на нивното живеалиште пред да истечат 90 дена и да ги достават своите лични детали (презиме, родено презиме, име, правопис на имиња во согласност со германскиот закон, датум на раѓање, место и област на раѓање, пол, националност, број на пасош) – исто така преку е-пошта – со цел да го легализираат нивниот престој.

Со оваа апликација се активира измислен ефект, со резултат дека до решението на имиграцискиот орган за апликацијата, престојот се смета за дозволен.

Со цел можни контролни ситуации во Германија или при напуштање на земјата, препорачливо е да ја отпечатите апликацијата за продолжување или да ја држите во друга форма, покрај доказите за истечениот престој во вашиот личен пасош / лична карта.

Ова важи и за државјани на трети земји од државите споменати во Дел 41 (1) од Законот за престој кои влегле во Германија без виза според оваа регулатива.

Доколку засегнатото лице веќе има одобрение од Федералната агенција за вработување и поднело барање за дозвола за престој, тоа може да се вработи согласно утврденото во одобрението на Федералната агенција за вработување.

Ова не важи за државјани на трети земји од државите споменати во Дел 41 (1) од Законот за престој кои влегле без виза и сè уште не поседуваат одобрение од Федералната агенција за вработување. Од нив се бара да контактираат со надлежните органи за имиграција.

 

The post Еве под кои режими македонските државјани ќе може да патуваат во странство appeared first on Слободен печат.


Еве под кои режими македонските државјани ќе може да патуваат во странство was first posted on јуни 19, 2020 at 9:29 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....