24.8 C
Скопје
13:09 - 7 мај, 2024

„Фарми на тролови“ од Македонија дел од група која објавува најмногу лажни вести за Ковид-19

Неколку „Фарми“ за креирање дезинформации за новиот коронавирус од Македонија и од Филипините работеле за Натурал њуз (Natural News), еден од најголемите споделувачи на теории на заговор и дезинформации за Ковид-19 на Фејсбук.

Поради тоа, домејнот на Natural News и неговите сестрински сајтови се отстранети од социјалната мрежа, објави американски „СиЕнБиСи“.

Како што објави американсата телевизија, станува збор за „еден од најупорните споделувачи на виралното видео за т.н. ‘Пландемија’, кое лажно трвди дека корона вирусот е дел од намерна владина завера со цел да се контролира популацијата преку вакцини, и погрешно посочува дека носењето маска го зголемувало ризикот од зараза со корона вирусот“.

Фејсбук, во изјавата за „СиЕнБиСи“ објасниле дека откриле оти „странски „тролови“ постојатно реобјавуваат содржини од Натурал њуз, антиваксерски портал кој често постира лажни теории на заговор за корона вирусот, 5Г технологијата и Бил Гејтс. Овие „тролови“ исто така често реобјавувале содржини и од сестринските сајтови на Натурал њуз: Њуз таргет (NewsTarget) i Брајтион (Brighteon) во обид вештачки да го зголемат својот досег.
Скриншот од објавата на СиЕнБиСи

Фејсбук објавил дека повеќе страници од социјалната мрежа поврзани со Натурал њуз се отстранети „поради ‘спамерско’ однесување и злоупотреба, не поради содржината која ја објавуваа. Тие ги манипулираа луѓето за популарноста на нивните објави и се потпираа на ‘фарми’ за содржини во Македонија и на Филипините“.

Оттаму додале дека ваквите мерки ги преземале како дел од рутинските напори против ‘спамерски’ мрежи.

Инаку, официјалната Фејсбук страница на Натурал њуз била банирана од Фејсбук минатата година, но веб-сајтот го заобиколил банот постирајќи содржини во брендирани групи со имиња како „Amazing cures“ (Неверојатни лекови) и „GMO Dangers“ (Опасности од ГМО), кои имале стотици илјади следбеници.

Откако Фејсбук открил за манипулацијата, компанијата на 19 мај ја исклучила можноста да се постираат линкови до Натурал њуз и до сестринските сајтови.

The post „Фарми на тролови“ од Македонија дел од група која објавува најмногу лажни вести за Ковид-19 appeared first on Слободен печат.


„Фарми на тролови“ од Македонија дел од група која објавува најмногу лажни вести за Ковид-19 was first posted on мај 30, 2020 at 9:36 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....