9.8 C
Скопје
08:15 - 20 април, 2024

Епидемиолозите не можат да ги најдат гостите од свадбата на внуката на Амди Бајрам

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Скопје кои се задолжени да ги детектираат контактите на Амди Бајрам кои биле со него на свадбата на неговата внука која пред 10 дена се одржа во Истанбул, Турција и каде присутни биле стотици гости од Македонија, не може да ги најдат сите гости и контакти.

Директорот на ЦЈЗ Скопје д-р Алексадар Стојанов за Слободен печат тврди дека ги контактирале блиските на Бајрам, но дека на голема соработка не наишле.

– Синот ни рече дека не бил во контакт со татко му, бидејќи живееле на различни катови во куќата  од пет ката. Сопругата ќе оди во изолација, а возачот што ги однел во Истнабул воопшто не сакаше да комуницира со нас, па ние не можеме да натераме никого. Вели, не сака да даде никаков податок ниту каде бил, ниту со  кој бил, како да ги најдеме тие 300 души? Ние сме шестмина епидемоилози за цело Скопје и не знаеме како да постигнеме. На почетокот кога имаше по 30 заразени дневно дури и дома одевме кај пациенти да им направиме епидемиолошка анкета, сега тоа е излезено од контрола. Како да направите епидемиолошка анкета кога секој ден има по 200 заразени лица во Скопје. Гледам вчера поворката на погребот на Бајрам, ја сповела полицијата, си ги направиле адетите, многу луѓе влегле во куќата за да се поздрават, точно така букна епидемијата во Дебар на почетокот, ако се сеќавате, од погреб. Сите сакаат да го заобиколат системот, а после кога нема капацитети,  прашуваат зошто нема капацитети, рече д- р Стојанов за Слободен печат.

ФОТО+ВИДЕО: Амди Бајрам погребан во присуство на околу 300 лица

Д-р Александар Стојанов: Сите што биле во контакт со Амди Бајрам на свадбата да бидат во изолација!

Амди Бајрам ја мажи внуката во Истанбул (ВИДЕО)

The post Епидемиолозите не можат да ги најдат гостите од свадбата на внуката на Амди Бајрам appeared first on Слободен печат.


Епидемиолозите не можат да ги најдат гостите од свадбата на внуката на Амди Бајрам was first posted on октомври 26, 2020 at 12:15 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....