Бројот на заразени од коронавирусот во некои делови од светот го надмина оној од епидемијата на САРС која во 2003 година се прошири во дваесетина земји, пренесува Би-Би-Си.
За време на епидемијата на САРД, заболени беа 8.100 луѓе. Меѓутоа, откако се појави коронавирусот во декември минатата година, досега заразени се над 10.000 луѓе.
Освен во Кина, повеќе од стотина случаи се пријавени во 22 држави.
Во најголемиот дел од меѓународните случаи станува збор за луѓе кои биле во кинескиот град Вухан, кој се смета за центар на епидемијата.
Светската здравствена организација вчера прогласи меѓународна вонредна состојба поради ширењето на овој вирус.
The post Епидемијата на коронавирусот ја надмина епидемијата на САРС appeared first on Слободен печат.