Легендарниот македонски кошаркар, Благоја Георгиевски – Буштур вечерта пред трагично да го загуби животот беше на вечера со популарниот Ален Исламовиќ.
Поранешниот пејач на култните групи Дивља јагоде и Бијело Дугме, не може да поверува дека животот го загуби неговиот голем пријател.
„Утринава во сообраќајна несреќа во Скопје загина легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур. Минатата вечер бевме заедно на вечера. Нека му е вечна слава и големо и искрено сочуство на неговото семејство, пријателите и љубителите на македонската кошарка. Вечно ќе бидеш во нашите срца Благоја“, напиша Ален Исламовиќ на својот Фејсбук профил.
The post Буштур во кобната вечер се дружеше со култниот пејач на Дивље јагоде и Бијело Дугме, Ален Исламовиќ appeared first on Слободен печат.