11.8 C
Скопје
04:01 - 3 мај, 2024

ВМРО-ДПМНЕ – враќање во иднината!

Од се досега кажано за и околу законот за ЈО може да се заклучи дека на ВМРО-ДПМНЕ не му треба таков закон туку „Закон за враќање во иднината“.

Зошто?

Затоа што како што вели Министерката за правда Рената Дескоска,  „Предлог-законот за Јавно обвинителство го содржи концептот за градење силно обвинителство за организиран криминал и корупција, кое покрај тековните надлежности што ги има, ќе ги преземе и случаите што ги водеше СЈО“.

Ете затоа!

Затоа што ВМРО-ДПМНЕ, или НЕКОЈ во ВМРО-ДПМНЕ сака да го врати времето кога беше на власт. И тоа времето пред „бомбите“, пред уште да биде конституирано СЈО, а со државата непречено управуваше Никола Груевски!

Затоа тие сега се жалат дека овој предлог закон има намера да го „ревидира СЈО“.

При тоа тие под синтагмата СЈО сакаат да го прикажат колапсот и формалното распаѓање на „телото СЈО “, (заради аферата со нивниот тројански коњ во тоа обвинителство Катица Јанева), како недостојно за натамошно постоење, но во суштина се плашат од продолжување на „случаите СЈО“ во кои се инволвирани многумина од таа партија.

Значи ако нема „случаи СЈО“ тогаш може да има и „закон“, ама ако има таков закон, тогаш тој ќе биде чиста амнестија за сите нив. Онаква каква што соевремено предлагаше претседателот Ѓорѓе Иванов.

Очигледно тие се застанати таму, во тоа време. И од таму не можат понатаму да мрднат.
Затоа и ДО КРАЈ ќе бидат против било каков закон, што во себе ќе ја има одредбата „ќе ги преземе и случаите што ги водеше СЈО“.

За нив секоја согасност со таков закон, ќе значи дека си ја сечат гранката на која седат.

Но тоа пак значи дека се што сега говори нивниот претседател за правда и владеење на правото, за судство кое нема да било ниту „сваровски“, ниту „луј витон“ е ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ.

Ако Мицковски навистина сака правда која не е по „луј витон“, тогаш прво треба да се откаже од онаа „сваровски“, и да ги „жртвува“ своите, за да може да бара реципроцитет.

Без тоа нивната временска машина може само да не врати во времето на „нема правда нема мир“!
Затоа Мицковски постојано е недоречен. По сто пати го вергла истото, а пак неразбран. Ниту од своите, ниту од другите.

Со таков став не се оди на избори за победа на овие избори. На некои минати, – можеби!

The post ВМРО-ДПМНЕ – враќање во иднината! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....