9.8 C
Скопје
14:43 - 31 март, 2026

Бракот на Џенифер Лопез и Бен Афлек е пред распад, упатените тврдат дека Џеј Ло излудува со својата посесивност

Иако многумина веруваат дека плови по мирни води бракот на славната двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек кои решија по18 години повторно да бидат заедно, направија магична венчавка и меден месец со што во јавноста оставија впечаток дека се во голема љубов која долго ќе потрае, сепак упатените тврдат дека тие се пред раскинување.

Почнаа да се појавуваат папараци фотографии на кои Бен не изгледа среќно во друштво на новата сопруга, а сега протекоа нови информации дека е можно да се разведат.

Извори блиски до парот открија дека Афлек е под целосна контрола на Џеј Ло, па прашање на време е уште колку ќе може да го трпи тоа.

Велат дека тој станал марионета во нејзините раце, а тоа воопшто не е добро за неговото ментално здравје, бидејќи речиси се му е забрането, пишува Глоси.

Неговото семејство и пријателите забележале дека тој не е среќен по бракот со Џенифер и тоа тој не може да го сокрие за што сведочат фотографиите кои неодамна се појавија, а на кои Афлек изгледа незадоволно.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....