-2.2 C
Скопје
08:47 - 23 декември, 2024

Билјана Ивановска: Ќе бараме закон за потекло на имот!

Претседателката на Акнтикорупциска, Билјана Ивановска во интервју за Слободен печат вели: Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свои име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот
Собранието се конституираше. Освен што почна да тече рокот за формирање на новата влада, течат и роковите во кои новоизбраните народните избраници, но и оние на кои им престана мандатот, треба да ги пополнат анкетните листови и листовите за судир на интереси. Во Законт за Собранието во собласност со членот 15 пратениците се должни најдоцна во рок од 30 дена од верификацијата на мандатот да ги пополнат анкетните листови во кои ќе наведат колу се богати. Од куќи, станови, автомобили, харии од вредност. треба да ги наведат дури и своите побарувања и долгови, но и имот што е во сопствност на членовите на неговото семејство. На оваа тема разговараме со претседателката на Државната антикорупциска комисија Билјана Иванвоска која вели дека не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свои име. Таа посочува дека току тоа е и најголемиот проблем.

На 4 август, Собранието ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници. Според Законот за Собрането должни се во анкетните листови да го наведат имотот со кој стапуваат на оваа функција. ДКСК најавуваше нови обрасци, до каде е со нивната подготовка?

-Во анкетните листови пратениците треба да ја наведат целокупнта имотна состојба со која располагаат, но исто така треба да пополнат и листови за судир на интереси. Со новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, ние бевме обврзани да направиме нов образец. Според содржината образецот го дотеравме, го направивме, но, електронското решение сеуште не е готово. Проектот кој што беше поддржан од УСАИД е повлечен и некако сами до крај треба да го избуткаме ова ново решение за анкетните листови. Мислам дека многу скоро, веќе наредната недела ќе го објавиме тендерот за подготовка на електронски софтвер за анкетните листови кој ќе ни овозможи историски да следиме што се случувало во промена на имотната состојба на избраните лица. Дел од овој софтвер ќе биде и регистарот на службените лица и затоа даваме приоритет во нашата работа. Очекувам до крајот на годината да се подготви овој софтвер и да се стави во тест употреба.

Засега велите дека народните избраници ќе мораат анкетните листови да ги пополнуваат на начинот на кој претходно го правеле тоа?

-Да, и овојпат анкетните листови пратениците и новоизбраните функционери ќе ги пополнуваат според старата содржина за која има утврдено недоследности, пропусти и слабости. Нема да можат да го направат тоа според новата содржина и процедура која ние веќе ја имаме подготвено од април минатата година. Ќе мора да ги донесат лично во нашата институција или да ги испратат по пошта. Софтверот до сега требаше да биде функционален но се случија многу работи кои тоа го оневозможија.

И пратениците и функционерите кои повеќе нема да ја извршуваат својата функција се должни да пополнлат анкетни листови. Дали нивните листови се достапни до новинарите и јавноста?

-Сите пратенци и функционери на кои им завршува мандатот, исто така се должни да пополнат и да поднесат анкетен лист до Антикорупциската комисија. Податоците кои ќе бидат внесени во анкетните листови, нашите служби ги внесуваат во нашата база на податоци. Таму во тој регистар тие остануваат 10 години. Ние немаме обврска, ниту законска можност анкетните листови, да ги држиме јавно на нашата веб страна. Но, затоа тие податоци имаме обврска да ги чуваме цели 10 години. Секој новинар или известусвач кој се интересира за имотната состојба на пратеникот или било кој функционер на кој му мандатот му завршил, може по пат на слободен пристап да побара информации и да ги добие тие податоци.

Сепак има бројни примери кога пратеницит или функционери, својата функција ја злоупотребиле односно ја искористиле и повеќекратно го зголемиле својот имот. Дали Антикорупциската комисија има законска можност да преземаат било што за пратениците на кои им завршил мандатот, а од своето „служење на народот“ излегоа побогати?

-Од досегашното искуство кое го имаме во Антикорупциската комисијата гледаме дека не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свои име. Тоа е најголемиот проблем што сега можеме да го истакнеме. Значи се врши дисперзија на имотот на некои други блиски роднини во фамилијата, дури и не мора да се блиски како семејство, може да се блиски пријатели. Затоа ние како Комисија сме согласни и едногласни да бараме од новиот парламентот да смогне сили или политичка волја и да донесе Закон за потекло на имотот на сите граѓаните. Дури тогаш ќе имаме темелна слика за тоа каде е имотот и кој располага со имотот. Тоа може да се направи и ќе биде голем чекор напред за сите, за нашата држава.

Рековте анкетни листови пополнуваат и пратенците и функцоинерите кои си заминуваат од својата функција. Вие ги имате на увид и овие листови. За дел од овие јавни личности, јавноста знае и слуша дека многукратно ја зголемле својата благосостојба. Што преземате во таков случај?

-Ние немаме законска можност да се занимаваме со функционери на кои веќе им завршил мандатот. Иако кога се подготвувал Законот за спречување на корупција и судир на интереси, во Предлог- Законот, постоел предлог за период од две или три години да се следат и овие функционери, односно тие да имаат обврска и понатаму да доставуваат анкетни листови. Меѓутоа Законот е изгласан вака каков што е и таа законска можност ние ја немаме. Значи немаме обврска, ниту можност за било што да преземаме за функционерите на кои им завршил мандатот.

Зошто тогаш има потреба функционерите да ги пополнуваат анкетните листови?

-Ние како ДКСК од новото собрание ќе бараме трајно решени во државата. Од новите пратеници ќе бараме да биде донесен Закон за потекло на имотот. Тоа е многу важно, затоа што еве и судиите, обвинителител, градоначалниците, или кого и да земеме како таргет, можеме да констатираме, дека било кој од нив може да го регистрира имотот на друго име, на друго лице. Автоматски тоа лице останува чист пред јавноста, и може да рече еве јас немам стекнато имот. Но, потоа кога ќе му помине мандатот, може имотот да си го префрли на свое име. Сега како што е дефиниран Законот за спречување на корупција и судир на интереси, ние немаме обврска понатаму да ја следиме имотнатна состојба на функционерите.
Ново избраните пратеници на кои мандатот им беше верификуван на 4 август имаат рок од еден месец до 4 септември да ги достават до ДКСК анкетните листови за имотната состојба. Сите информации наведени во анкетните листови се од јавен карактер.
Во Законот за Собранието на Македонија е должен најдоцна во рок од 30 дена од верификацијата на мандатот да пополни анкетен лист во кој ќе биде наведен детален попис на недвижниот имот, на подвижните предмети од поголема вредност, на хартии од вредност и побарувања и долгови, како и на друг имот што е во негова сопственост или во сопственост на членовите на неговото семејство. Секој пратеник, исто така, во анкетниот лист е должен да го наведе основот на стекнување на пријавениот имот и должен е да приложи изјава заверена од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки.

The post Билјана Ивановска: Ќе бараме закон за потекло на имот! appeared first on Слободен печат.


Билјана Ивановска: Ќе бараме закон за потекло на имот! was first posted on август 7, 2020 at 8:19 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....