18.8 C
Скопје
12:09 - 17 мај, 2024

Градинките не работат, ама мајките мора да одат на работа

Делумно под закрила на легислативата, но во голема мера и како оправдување за економската состојба, корона-кризата се користи за максимално непочитување на работничките права. Дел од работодавачите не ги продолжуваат договорите на определено време, со образложение дека не се обврзани да ги задржат тие вработени, бидејќи им истекол договорениот период. И тоа се случува без разлика на фактот дека меѓу нив има и хронично болни или ранливи категории, кои се заштитени со владината мерка за спречување на ширење ковид-19. Најновите сигнали за прекршување на работничките права пристигнуваат од мајки на деца од претшколска возраст, кои се жалат дека мора да одат на работа или ќе добијат отказ, а градинките не се отворени.

– Во последно време се соочуваме со проблеми на вработени мајки што седат дома, бидејќи нивните деца не одат во градинка. Тие се уценувани да одат на работа или ќе добијат отказ и покрај тоа што нема кој да им ги чува децата – велат за „Слободен печат“ од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Од ССМ додаваат дека дел од работодавачите ја користат кризата да го намалат бројот на вработените, без разлика заштитата од владините мерки.

– Работодавачите не се обврзани да ги задржат вработените на кои им истекол договорот на определено време, без разлика што на пример, тие спаѓаат во ризичните групи. Предвидувајќи дека ќе се случат вакви работи, ние уште на почетокот на кризата се боревме да ги заштитиме работниците. Во зависност од стажот, лицата што се отпуштени, а биле со договор на определено имаат право на надоместок, максимум до 12 месеци, а за оние што беа отпуштени во периодот од 11 март до 30 април, се изборивме да добијат надомест за два месеца – посочуваат од ССМ.

Од најголемата синдикална организација се надеваат на брзо формирање на новата влада, сѐ со цел да се продолжат сегашните економски мерки за ублажување на економската криза.

Освен дијабетичарите, на листата ослободени од работа се и оние со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни и малигни заболувања и имунокомпромитирачки состојби.

Проценките говорат дека од почетокот на кризата како новоневработени се водат околу 20.000 лица.

The post Градинките не работат, ама мајките мора да одат на работа appeared first on Слободен печат.


Градинките не работат, ама мајките мора да одат на работа was first posted on август 7, 2020 at 8:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....