9.8 C
Скопје
02:33 - 30 април, 2024

Банките ќе ги известат корисниците какви поповолни услови нудат

Граѓните и компаниите може да очекуваат одложување на исплатата на ратите на креди, пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период, пониска каматна стапка и други поволности со кои ќе им се олесни отплатата на кредитите за време на корона-кризата. Ова важи за сите кредитни производи:  потрошувачки, станбени, хипотекарни, автомобилски кредити, кредитни картички, одобрен минус, кредити на фирмите, пишува во заедничко соопштение на Народната банка и Министерството за финасии, откако претходниот ден Владата извести дека  донела „уредба со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците“.

Во соопштението пишува дека со Уредбата се овозможува промената на договорните услови за кредитите да се изврши побрзо и поедноставно, без да се загрози јавното здравје – без да се посетуваат експозитурите и филијалите и без да се чека во ред на шалтерите заради потпишување на анексите на договорите.

„Банките и штедилниците можат да понудат поповолни договорни услови и без претходно да имаат добиено барање од засегнатите клиенти, и тоа преку: објава на своите веб-страници со понуда за промена на условите за плаќање на кредитите и/или со  одделно известување на клиентите, преку електронска и/или писмена комуникација“, соопштија од Народната банка и Министерството за финансии.

Оттаму велат дека со Уредбата е утврдено дека ако фирмите и граѓаните, во рок од 10 дена од објавувањето на новите услови не ја известат банката, односно штедилницата дека го одбиваат понуденото олеснување на финансискиот товар, ќе се смета дека понудата за промена на договорните услови е прифатена.

„Секако останува и правото на кредитокорисниците да се обратат до банките и штедилниците, доколку оценат дека има потреба од тоа. Притоа, предвидено е тие да можат се обратат електронски или писмено, а одговорот ќе го добиваат преку електронска комуникација“, пишува во соопштението.

Иако прашањето за отплатата на кредитите стана едно од најважните економски прашања, и покрај инсистирањето на медиумите, немаше прес конференција за да се објаснат деталите.

Според соопштението: „И во текот на изготвувањето на Уредбата, банките и штедилниците истакнаа дека се подготвени да одговорат на потребите и барањата на кредитокорисниците погодени од корона-кризата. (…) И во нивен интерес е да помогнат граѓаните и фирмите да го пребродат актуелниот шок и да имаат капацитет за и понатаму да ги плаќаат обврските“.

Она што не е јасно од соопштението, е дали поповолните услови ќе важат „за кредитокорисниците погодени од корона-кризата“, како што пишува, потоа кои ќе бидат критерумите за оценка кој е погоден, а кој не од кризтата, или пак поповолните улови ќе важат за сите.

Ова прашање го поставивме и во Министерството за финансии, но одговор засега не добвиме.

The post Банките ќе ги известат корисниците какви поповолни услови нудат appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....