21.8 C
Скопје
14:05 - 2 мај, 2024

Балканските медиуми за изборите во Македонија: Избор меѓу различни визии

Во текст со наслов „Избор меѓу реформи и меѓународен ќор-сокак“, словенечкиот весник „Дело“ ги најави денешните предвремени парламентарни избори во Македонија.

„Главните актери на изборите делат нереални ветувања за закрепнување на економијата, повисоки плати и пензии“, пишува Дело за десеттите парламентарни избори во Македонија кои се одвиваат во крајно сериозна епидемиолошка состојба со „број на инфекции четири пати поголеми од европскиот просек“. Весникот додава дека според епидемиолозите „посетата на трговските центри е поризична отколку одењето на гласање“. Според Дело, „гласачите ќе избираат меѓу опцијата која земјата ја однесе во НАТО и ја отвори вратата за преговори за членство во ЕУ и поборниците на националистички општествен контекст“.

Хрватски „Индекс“ исто така потсети дека „ земјата која брои околу 2, 1 милиони жители, моментално има 3.500 активни случаи на зараза од коронавирус, а 7.000 луѓе се наоѓаат во самоизолација“.

„Покрај стравувањата врзани за пандемијата од коронавирус многу Македонци се разочарани во своите лидери и не излегоа на гласање ниту на претседателските избори во 2019 година ниту на референдумот за промена на името. Кој од двајцата главни кандидати да победи на денешните избори ќе мора да влезе во коалција со една од партиите кои го претставуваат бројното малцинство на етнички Албанци“, резимира Индекс.

Српскиот портал „Недељник“ во текстот за изборите акцентот го стави на излезноста како клучна за успехот на парламентарните избори.

„Аналитичарите очекуваат дека борбата ќе биде неизвесна до крајот и дека на резултатите битно ќе влијае излезноста, а лидерите на партиите во финалните обраќања пред изборниот молк ги повикаа граѓаните масовно да излезат и да гласаат“, пишува „Недељник“.

Осврнувајќи се подетално на текот на кампањата на партиите, учеснички на парламентарните избори, српски „Блиц“ анализира:

– Прашањата за името и идентитетот беа во центарот на политичката дебата во земјата се додека пандемијата целосно не го промени фокусот. Сега двата водечки блока меѓусебно се обвинуваат за лоши одговори на здравствената криза и нов пораст на бројот на заразени“, пишува „Блиц“.

Српскиот весник нагласува дека „победникот ќе мора да се носи со очекуваниот почеток на пристапните преговори со ЕУ кои сигурно ќе го одбележат целиот мандат на владата, додека истовремено ќе мора да се бори со економските последици на пандемиската криза“.

„Денес Северна Македонија мора да избере помеѓу две различни визии – европскиот пат на земјата или тврдењата на националистите дека државата ја губи автентичноста заради отстапките што треба да ги направи“, заклучува бугарски Капитал, објаснувајќи ги претходно подетално опциите меѓу кои денеска избираат македонските гласачи.

Албанската телевизија „Топ Чанел“ потсетува дека „на овие избори за првпат од независноста на Северна Македонија од 1991 година, формирана е предизборна коалиција помеѓу македонска партија и партија од албанскиот блок“.

Телевизијата нагласува дека изборниот процес го следат 2.508 домашни и 98 набљудувачи, а покрај локалните акредитирани новинари, за изборите известуваат и 55 меѓународни медиуми.
„МВР ангажираше околу 6 илјади полициски сили за да го обезбеди непреченото одвивање на изборниот процес“, објави Топ Чанел.

Грчки Катимерини заклучува дека „сегашните избори се многу важни за курсот на соседната земја, но изостанува голем предизвик кој би довел повеќе луѓе на гласање, како и можен сигнал дека би се предизвикале немири во соседната земја“.

The post Балканските медиуми за изборите во Македонија: Избор меѓу различни визии appeared first on Слободен печат.


Балканските медиуми за изборите во Македонија: Избор меѓу различни визии was first posted on јули 15, 2020 at 3:43 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....