0.8 C
Скопје
23:23 - 18 декември, 2024

Арбен Зибери: На Филипче не му е за границите, туку зашто чичко ми е кандидат за премиер Албанец

Причината зошто така бурно министерот за здравство Венко Филипче реагираше на мој приватно објавен Фејсбук статус, е тоа што чичко ми Насер Зибери е кандидат за премиер Албанец, а не тоа што сум напишал дека границите се отвараат без тестови и без карантин, изјави за „Слободен печат“ директорот на ЦЈЗ Скопје Арбен Зибери.

– Точно е тоа што Филипче го тврди, дека не сум член на Комисијата за заразни болести официјално. Но, многу пати сум присуствувал на нивните состаноци и сум придонесувал, а нашата институција има свои редовни претставници во Комисијата. Јас бев запрепастен. Не ја ни гледав прес конференцијата, туку новинарите почнаа да ми се јавуваат. А запрепастен сум, зашто ние толку професионално ја вршиме работата во Центарот за јавно здравје Скопје, до толку што министерот сам ме фалел. Многу непотребно влегоа во ова. А зошто да бидам разрешен? За приватен Фејсбук статус во кој што не сум изнел ниту една лага? Ова е смешно. Ова не е за границите, туку за чичко ми Насер, којшто е кандидат за премиер Албанец, значи, ова е политичка пресметка со чичко ми, врз мој грб. А инаку, со Филипче, имаме многу коректен однос, постојано соработуваме и си помагаме во работата – ни рече Зибери.

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери ќе биде разрешен од директорското место, но нема да биде отпуштен и најверојатно ќе добие пониска позиција во здравствената институција од досегашната. Слободен печат од свои извори дознава дека согласно правната рамка, Зибери не смее да биде отпуштен, но дека неговото разрешување од директорското место е и повеќе од извесно. Причината за ова е што Зибери на својот Фејсбук профил, се „пофали“ дека како член на Комисијата за заразни болести издејствувал, границите да се отворат без протоколите на СЗО и без ПЦР тестови и ги повика иселениците да се вратат дома и да изгласаат премиер Албанец.

Изјавата наиде на остра осуда од страна на министерот за здравство Венко Филипче кој истакна дека Зибери не е член на Комисијата за заразни болести и дека најверојатно станува збор за предизборен фолклор.

– Ја прочитав изјавата, апсолутна невистина е. Зибери не е член на комисијата. Ова е некаква предизборна евтина и лоша реторика. Ништо нема да добие директорот со оваа изјава. Целиот изминат период комисијата работи врз основа на медицински индикатори и ваква изјава не доликува на доктор и на човек што раководи ваква институција. Уште денеска ќе се консултирам со правниците и ако во овој период може директорот денес ќе биде сменет – рече Филипче.

Потоа се огласија и ДУИ и Зибери со тврдење дека директорот на ЦЈЗ има право на својот личен Фејсбук профил да агитира за политичката кампања на ДУИ и да изразува свои политички ставови. Преписката преку социјалните мрежи продолжи со статус на Филипче кој му возврати на Зибери дека тоа што е во изборна кампања, не му дава за право да изнесува невистини и да ја поткопува работата и одлуките на Комисијата за заразни болести.

„Четири месеци градиме доверба и работиме транспарентно. Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете. Вашата изјава е неточна, штетна и пред се неколегијална, што исклучително ме загрижува. Моја должност како министер меѓу другото е да го штитам угледот на колегите од комисијата и нивните стручни одлуки. Верувам дека разбирате каква штета нанесувате во овие чувствителни моменти кога заеднички се бориме за иста цел. Го ценам придонесот на сите кои се борат со епидемијата, вклучително и вашиот, но нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата”, додаде министерот.

Сите шпекулации околу тоа дека Комисијата за заразни болести не дала препорака и датум да се отворат границите, всушност ги демантира стенограмската белешка од одржаниот состанок на Комисијата за заразни болести, на кој точно е утврдено дека таква препорака е дадена и тоа без ПЦР тестови и без карантин. Потоа владиниот кризен штаб ја има спроведено таа одлука.

The post Арбен Зибери: На Филипче не му е за границите, туку зашто чичко ми е кандидат за премиер Албанец appeared first on Слободен печат.


Арбен Зибери: На Филипче не му е за границите, туку зашто чичко ми е кандидат за премиер Албанец was first posted on јуни 26, 2020 at 9:52 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....