15.8 C
Скопје
17:22 - 15 октомври, 2026

Драма во Русија: Гога Секулиќ во паника се вратила во Србија, платила 5.000 евра за итен лет

Пејачката Гога Секулиќ доживеала непријатна ситуација за време на престојот во Русија, поради што решила предвреме да го прекине патувањето и итно да се врати во Србија.

По смртта на нејзината мајка, таа заминала на семеен одмор во Санкт Петербург, но престојот не се одвивал според планот. По неколку дена во хотелот, почнале проблеми со комуникациските мрежи, а набргу потоа следела информација која ја вознемирила.

Според нејзино сведоштво, во хотелот било најавено можно исчезнување на електричната енергија, што, како што ѝ било објаснето, било поврзано со актуелната ситуација со војната.

„Да, бевме во Русија и прво почнавме да губиме мрежа на телефоните. Ситуацијата беше напната. По интернетот најавија и можен прекин на струјата, а тоа ми беше сомнително. Си реков: Гордaна, бегај, почнува војна! И веднаш го сменивме летот и се вративме во Белград“, изјави Секулиќ за српските медиуми.

Одлуката за итно враќање ја чинела скапо. Освен што ѝ пропаднале претходно купените билети, пејачката морала да купи нови, што, според информации од нејзина блиска околина, ја чинело околу 5.000 евра.

Покрај оваа ситуација, Гога Секулиќ неодамна поминува низ тежок период по загубата на мајка ѝ, поради што извесно време се повлече од јавноста.

Во меѓувреме, таа повторно се појави на социјалните мрежи, споделувајќи моменти со блиски пријатели, што укажува дека во тешките денови најголема поддршка ѝ даваат најблиските.

Слични објави

Северина за 12-годишната битка за старателство: „Од судењата ги паметам само зборовите на моите адвокати“

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

„Небото го испрати, а тој ја испеа на небесен начин“ – приказната зад „Цреша“, песната што Тоше Проески ја нарече автобиографска

Т.Ц.

Почина таткото на Тони Цетински, познатиот хрватски пејач Мирко Цетински

Еспресо

„Мама и тато те сакаат најмногу“: Едита Арадиновиќ ги собра најблиските на голема прослава за нејзината ќерка Зои

Еспресо

„Ти си мојата најголема желба која ми се оствари“: Бојана Скендеровски со емотивна порака за роденденот на ќеркичката Искра

apostolova
Се вчитува....