3.8 C
Скопје
09:23 - 15 ноември, 2024

АНКЕТА: Ѓорчевци поддржуват „културно“ сушење алишта (ВИДЕО)

Жителите на Општина Ѓорче Петров вчера бурно реагираа на социјалните мрежи откако градоналачникот Александар Наумоски на својот Фејсбук профил објави дека се забранува сушење на алишта во дворни места кои се со поглед кон улица или плоштад.

Станува збор за измени во одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување, кои ги усвои советот на Општината.

„Во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад, не е дозволено:
– сушење на алишта,
– тревата да биде повисока од 10 см,
– да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина,
– гранчињата на украсните и жбунести растенија да ја преминуваат регулационата линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето“, стои на страницата на Општина Ѓорче.

По ова, граѓаните на социјалните мрежи го потсетија градоначалникот на другите проблеми во оваа општина, па дури и го обвинија дека се занимава со „неважни работи“.

„Згради без паркинзи, коли на тротоари, а тие за сушење алишта се фатиле“, „За петнаесет минути дожд, Ѓорче Петров станува Венеција, а вие за алишта зборите, циркус сте“, гласат само некои од реакциите на социјалните мрежи.

„Слободен печат“ денеска ги праша граѓаните што мислат за забраната за сушење на алишта во дворни места кои гледаат кон улица или плоштад. Дел од нив сметаат дека тоа не е во ред, но многумина ја поддржуваат забраната.

Оние кои ја оправдуваат оваа забрана тврдат дека е некултурно да се сушат алишта на место кое гледа кон улица, додека за останатите оваа забрана нема смисла.

Од друга страна, градоначалникот на општината Александар Наумоски, истакна дека е позитивно тоа што со оваа одлука се крена прашина во јавноста, бидејќи според него, на тој начин ќе може и да се подигне свеста кај граѓаните.

– Одлуката на општина Ѓорче Петров е во согласност со одлуката за комунален ред на Град Скопје, донесена во 2014 година. Добро е што и со ваква одлука ја разбранувавме јавноста, а се со цел да ја подигнеме јавната свест за почитување на прописите. Мора да напоменеме дека претходната одлука содржеше членови кои се контадикторини и се во правец на загадување, а не на заштита на животната средина. Само за пример, претходно во Ѓорче беше дозволено да се одлага смет до и околу контејнерите. Целта е најпрво да се превенира пред да се казнува. Оваа измена содржи низа одлуки кои изминативе три години заедно со Град Скопје во континуитет се обидуваме да ги решиме – вели Наумоски.

Во врска со коментарите дека Општината ги занемарува поважните прашања, Наумоски вели дека тоа не е така, туку дека напорно се работи на решавање на сите проблеми.

– Не отстапуваме и од круцијалните проблеми, напротив интензивно работиме на нив. Расчистивме депонии кои од претходна негрижа се чирови на Ѓорче Петров , интензивно се работи и на расчистување на сите помали, но мора најпрво да тргнеме од себе и да ја промениме свеста за однесувањето кон животната средина – заклучи Наумоски.

 

The post АНКЕТА: Ѓорчевци поддржуват „културно“ сушење алишта (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


АНКЕТА: Ѓорчевци поддржуват „културно“ сушење алишта (ВИДЕО) was first posted on август 26, 2020 at 2:09 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....