25.8 C
Скопје
18:08 - 6 мај, 2024

Албански медиуми: Заев победник на изборите, успех и за Албанците со 29 пратеници во Парламентот

Албанските медуми, кои во континунтет информираат за предизборните и изборните активности во нашата земја, посебен простор отстапија и за прелиминарните изборни резултати.

„Заев прогласи победа”,  „Заев победник на изборите, успех и за Албанците со 29 пратеници во Парламентот”, „Ахмети обезбеди 100.000 гласови”, „Ахмети и Заев во владина коалиција?”„Избори во пандемија, но најдемократски”, се само дел од насловите на албанските медиуми во информаците кои ги објавуват  претпладнево.

-Социјалдемократскиот сојуз  прогласи победа на вчерашните избори, а тоа официјално треба да го потврди и Државната изборна комисија денеска. Успех  на Албанците кои обезбедија 29 пратенички места во новиот парламент на нашит источен сосед. Кај Албанците најголема подршка и натаму има ДУИ, која најверојатно повторно ќе биде владин коалициски партнер на СДСМ. Први избори во пандемија, но демократски и фер, со почитување на протоколите, е кусиот приказ од пишувањата на медиумите.

Сите без исклучок  пренесуват дел од обраќањето на лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети.

-Коалицијата „Можеме” е победник на изборите и волјата на народот беше потврдена за сигурна иднина, економски патриотизам, владеење на правото. Патот напред беше потврден. Рековме НЕ на ризикот. Граѓаните ги препознаа вистинските вредности, тие ни дадоа доверба. Концептот на интеграција го порази концептот на изолација, е дел од изјавата на Заев која ја пренесуваат медумите.

-Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со оваа победа ниту еден Албанец нема да загуби. Се покажавме како најуспешни во сите области и така ќе биде и натаму. Албанците нема да бидат разочарани од нас. Благодарен сум што имав можност да ги објавам најдобрите вести за Албанците и апсолутната победа, пишуваат албанските медиуми пренесувајќи дел од изјавата на Ахмети.

Исто така, пренесуваат и преглед на бројот на добиени гласови, проценти и број на освоени мандати по коалиции и партии.

The post Албански медиуми: Заев победник на изборите, успех и за Албанците со 29 пратеници во Парламентот appeared first on Слободен печат.


Албански медиуми: Заев победник на изборите, успех и за Албанците со 29 пратеници во Парламентот was first posted on јули 16, 2020 at 11:25 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....