13.8 C
Скопје
14:02 - 18 декември, 2024

Трикови за како да го ублажите стравот на вашите миленици од пиротехника (ВИДЕО)

Животните се вознемируваат, тресат и покажуваат симптоми на паничен напад од кои некои завршуваат и со инфаркт. Кучињата бегаат од страв, а понекогаш и погинуваат кога ќе налетаат на возило, предупредуваат.

Се повеќе луѓе ги снимаат и фотографираат реакциите на своите кучиња на пиротехника. Вознемирувачки е да се видат кучињата изложени на тоа ниво на страв и стрес. Некои кучиња се кријат по дома, а некои бегаат од дворот или за време на прошетката.


Кучињата поради звукот од петарди можат да доживеат застој на срцето или да ги удри кола и починат додека трчаат од страв, пишува 24sata.

Додека луѓето се забавуваат, за кучињата оваа доба од годината е ноќна мора. Од страв бегаат и се кријат под столови, во скут кај сопствениците, треперат, одбиваат да излезат надвор и извршат нужда. Страшната бука од пиротехниката предизвикува шок кај животните. За време на празниците тие постојано се изложени на стрес.

„Петардите можат да ги преплашат и повредат животните. Околу 5,000 домашни миленици умираат на годишно ниво од срцев удар предизвикан од звукот на петарди“, преупредиле од здружението за заштита на животни во Загреб.

Тие исто така предупредуваат дека нивниот слух е многу почувствителен од човечкиот и поради таа причина е посклон на оштетување.

Трикови како да се заштитат милениците од стрес

Замотајте го со ткаенина, методот „Thundershirt“.

Околу телото на престрашеното куче се врзува ткаенина на одреден начин. Стручњаците за животните велат дека тоа делува смирувачки на кучето кога во него ќе се појави нагон за бегање. Тоа го нарекле „Thundershirt“, а може да го замотате миленикот со шал или обично платно.

Погледнете како:

Покријте го со својата јакна

Затворете ги прозорите и спуштете ги ролетните за да влегува помалку бука во станот. Направете му на миленикот мирна оаза, ставете на подот ќебенце и покријте го со нешто што ќе има ваш мирис, можеби јакна или вашето ќебе – тоа ќе го смири. Бидете покрај него додека најлошата бука пред полноќ помине. Доколку тоалетот нема прозори, животните можете и даму да ги ставите да мируваат.

Пуштете музика која опушта и бидете смирени

Пред да дојде најлошата бука, пуштете му лесна музика, немојте да дивеете, урлате и слично, туку бидете мирни и опуштени. Таа енергија ќе се пренесе на вашиот миленик и ќе му биде полесно. Секако, мазете го што повеќе можете.

Посегнете по препаратите за смирување

Доколку веќе добро го познавате своето милениче и знаете дека стравот кој го чувствува поради петардите е голем, посетете ветеринар и побарајте некој препарат за смирување,  на природна база. Такви препарати треба да има и во некои трговини специјализирани за домашни миленици.

Слични објави

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо

(Фото) Меган Фокс е бремена: Актерката на 38 години го очекува четвртото дете!

Еспресо

(Видео) Кралот Чарлс на тајна древна духовна церемонија во борба со ракот: Медитација, јога и други активности за подмладување

еспресо
Се вчитува....